Филипче: Голем дел од смртните случаи е поради задоцнето пријавување во болница
Објавено во: Македонија 11 Септември, 2020
Бројот на заболени од Ковид-19 понекогаш знае позитивно да изненади и да се намали на дневна основа, но смртните случаи како последица на корона вирусот и натаму стандардно се присутни во Македонија. Венко Филипче, министерот за здравство, во интервјуто за „Локално“ твди дека тоа се должи дека голем дел од смртните случаи се дијагностицирани пост мортем, но и поради тоа што пациентите доцна се јавиле во болница.
„За смртноста, дозволете да кажам дека за секој пациент е направено сѐ и тоа одговорно го тврдам. Ние како земја, заземавме, ќе речам, одговорен пристап на тестирање на починати лица за кои семејството укажало дека имало симптоми на ковид, што е епидемиолошки целосно оправдано. На тој начин постојано имаме увид во епидемијата и ги штитиме семејствата на починатиот за кој доколку пост мортем се утврди дека го имал вирусот, пристапуваме соодветно со изолација, тестирање. Голем дел од смртните случаи се дијагностицирани пост мортем.
Но има уште еден момент, голем дел од смртните случаи настанале заради тоа што пациентите доцна се јавиле во болница. Инаку генерално, леталитетот кај нас воопшто не е повисок од светскиот или од европскиот просек“, одговори Филипче на прашањето за големиот број на смртни случаи.
Вчера Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се направени 1410 тестирања, а регистрирани се 121 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-33,