Филипче: Британецот се лекува во домашни услови, нема потреба од карантин за сопатниците
Објавено во: Македонија 25 Декември, 2021
Венко Филипче, министерот за здравство во оставка, во вестите на Канал 5 рече дека британскиот патник кај кој е евидентиран првиот случај на сојот Омикрон е со лесна клиничка слика и се лекува во домашни услови.
Патниците од авионот нема потреба да се изолираат, во авионот носеле заштитни маски и ги почитувале протоколите.
- Според барањето на авиопревозниците, сите носеле Н95 маски, голем дел од населението е вакцинирано, според барањата за влез во земјата. Во таа смисла овој пациент е со многу лесна клиничка слика и се наоѓа во домашни услови.
Носителот на новиот сој е во добра здравствена состојва. Нема да има карантин за патниците во авионот, рече Филипче.
Министерот смета дека во моментов не постои ризик за влошување на епидемиолошката состојба во земјата.