16 Мај, 2024
0.0343

Фијат сака да го добие Опел без пари

Објавено во: Економија 05 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Главниот извршен директор на Фијат, Серџо Маркионе е подготвен да купи европското одделение на Џенерал Моторс-Опел, ако се распадне соработката на компанијата со француската Пежо, јавува Ројтерс. И додека Опел бележи пад на продажбата, планот на Маркионе е да го добие "за без пари" за разлика од договорот за Крајслер или претходната понуда за Опел, направена во 2009-та година, се тврди во медиумите. Во 2009 година италијанскиот производител на автомобили доби удел во Крајслер во замена за пристап до технологија за производство на мали автомобили, наменети за американскиот пазар. Истата година таа упати понуда за привлекување и на Опел, но  Џенерал Моторс одлучи да ја задржи компанијата. Сепак Маркионе не се откажува од идејата за соработка со американскиот производител. Минатиот месец извршниот директор на Фијат, рече дека европската автомобилска индустрија има потреба од консолидација, ако сака да се справи со петгодишниот пад на пазарот. "Ние имаме колективна одговорност за индустријата, за да спроведеме прогресивно реструктуирање на европско ниво", рече тој. Во моментов од Фијат се уште не се упатиле понуда до Џенерал Моторс, пренесува Ројтерс и додава дека тоа ќе се случи само ако се распадне соработката меѓу Џенерал Моторс и Пежо. Во март двете компании почнаа партнерство што има за цел да им заштеди 2 милијарди долари трошоци до 2017 година. Загубите на Фијат во Европа се компензираат од профитот на компанијата на американскиот пазар, каде што имаат мнозински удел во Крајслер. Излезот на американскиот пазар овозможува нови бенефиции во Европа, посочува агенцијата.

Можеби ќе ве интересира

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА