29 Април, 2024
0.0262

Фероинвест: Менаџментот носи самостојни одлуки

Објавено во: Економија 11 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Менаџментот на компанијата Фероинвест тврди дека носи самостојни одлуки и повеќе нема никакви врски со поранешниот директор Кочо Анѓушев кој во меѓувреме стана вицепремиер за економија. 

Според нив согласно Законот за спречување на корупцијата и Законот за судир на интереси, сопственичката структура на „Фероинвест“ која ја сочинуваат содружниците не е во никаква незаконска консталација со управувањето на компанијата и со конкурирањето на сите тендери, информираше управителот на групацијата „Фероинвест“ Ратко Ѓорѓиоски.

– Секоја илузија на содружничката структура и на вицепремиерот Кочо Анѓушев ја сметам за злонамерна и излишна, рече Ѓорѓиоски и најави дека „Фероинвест“ не само сега туку и во иднина ќе учествува на сите тендери каде има деловен интерес и може да го оствари својот деловен потфат.

Управителот Ѓорѓиоски информираше дека „Фероинвест“ досега учествувал на повеќе вакви јавни повици за набавка на транспортни ленти кои ЕЛЕМ ги набавува за потребите на РЕК Битола кои се користат за ископ и транспорт на јагленот.

– И досега Фероинвест во конзорциум со странски партнер на повеќе пати добиваше значителен дел од предвидените лотови. Најчесто добиваше само еден дел за вакви транспортни ленти кој е строго специјализиран, а се работи за лотови чиј квалитет е однапред дефиниран за кои „Фероинвест“ понуди најниски цени, истакна Ѓорѓиоски и нагласи дека се неточни информациите дека последниот јавен повик го има добиено групацијата „Фероинвест“.

Денеска Антикорупциската комисија оцени дека согласно Законот за спречување на корупција, не постои судир на интереси во случајот со компанијата „Фероинвест“ чиј сопственик е заменик-претедателот на Владата Кочо Анѓушев, која учествувала на тендер во државната компанија за производство на струја ЕЛЕМ.

Комисијата оцени дека треба да се има предвид етичкиот и моралниот аспект на овој случај. 


Можеби ќе ве интересира

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто