29 Април, 2024
0.0390

Фени нема да се затвори, почнува реорганизацијата!

Објавено во: Економија 02 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

„Во фокусот на стечајната постапка се доверителите, а не сопствениците на друштвото. До губење на сопственичкиот статус доаѓа најчесто по сила на Законот за стечај. По спроведената стечајна постапка друштвото  или се брише од трговскиот регистар или продолжува да постои по спроведена постапка за реорганизација со тоа што може да  се промени и сопственичката структура“, вели за Фактор Дејан Костовски - Советник за стечајни постапки и еден од креаторите на сегашниот закон за стечајна постапка во Македонија.

Костовски посочува дека ако сакаме успешна реорганизација во стечајната постапка, треба да се пронајде инвеститор кој  ја познава дејноста и  е спремен да вложи парични средства за продолжување на  производството  и приходот ќе биде употребен по намирување на трошоците  на производството  за исплата на побарувањата на доверителите. Уште не треба да се заборави дека се работи за производство на фероникел кој има берзанска цена со што ризкот е  поголем. 

ФАКТОР: Може ли да ни кажете повеќе детали за стечајната постапка која е покрената за ФЕНИ, а е побарана од страна на најголемите доверители на кои фабриката им должи 40 милиони евра?

Костовски: Веќе е познато во јавност дека  Основниот суд во Велес како месно надлежен суд донел решение за  поведување на претходна постапка за  испитување на условите за  отворање на  стечајната постапка, над должникот ФЕНИ,  а врз основа на предлог поднесен од  доверители. Со истото решение  со цел да се заштитат интересите на доверителите да го наплатат своето  побарување и значително намалување на имотот  кој влегува во стечајната маса  определил  мерки за обезбедување, при што  именувал привремен стечаен управник, определил општа забрана на  располагање со имотот и забранил одредување и спроведување на присилно извршување  или обезбедување врз имотот. Со други зборови  претходната постапка  не значи дека е  отворена стечајна постапка  туку  привремениот стечаен управник  во овој период треба да испита дали се исполнети условите за отворање на стечајна постапка односно дали  должникот ФЕНИ е неспособен за плаќање  на доспеаните побарувања повеќе од 45 дена и  дали должникот ФЕНИ има подвижен и недвижен имот над кој може да се спроведе стечајната постапка. Правните последици од вака донесеното решение  влијание како на должникот односно на неговите  органи на управување кои веќе неможат слободно да располагаат со имотот на должникот, така  и на доверителите  бидејќи доаѓа до привремено мирување на  сите постапки кои  се поврзани со наплата на побарувањата на доверителите од имотот на должникот. Мирувањето на постапките за наплата на побарувањата  од имотое е поврзано со концептот на кој се заснова стечајната постапка а тоа е колективното намирување на побарувањата.

Сите околности укажуваат на тоа дека органите на управување на ФЕНИ  не реагирале на  финансиските потешкотии во кои се наоѓа  друштвото  и не ги преземале сите мерки за надминување на оваа состојба. Органите на управување  на  ФЕНИ  биле тие кои  требале  прво и навремено да реагираат  да не дојде до состојба на  инсолвентност. Во таа смисла имаат и законска обврска да ги заштитат  интересите на акционерите и  доверителите. Покрај сите други мерки тие биле должни да  започнат постапка за вонсудско спогодување со доверителите со цел да изготват  план за реорганизација  кој  би одел во насока на спасување  на претпријатието,  и да продолжат да ја вршат дејноста. Очигледно е дека поради големите обврски спрема доверителите, продажбата на сопственичкиот пакет  на акции не оди во прилог  на спасување на  друштвото и не ги  штити интересите на доверитеите  и нивните побарувања.

ФАКТОР: Дали стечајната постапка ќе го принуди Кунико сегашниот сопственик на ФЕНИ да ја продаде фабриката за што согласност треба да дадат и трите банки?

Костовски: Во фокусот на стечајната постапка се доверителите, а не сопствениците на друштвото. До губење на сопственичкиот статус доаѓа најчесто по сила на Законот за стечај. По спроведената стечајна постапка друштвото  или се брише од трговскиот регистар или продолжува да постои по спроведена постапка за реорганизација со тоа што може да  се промени и сопственичката структура. Сопствениците во најголем број на случаи  ја губат сопственоста на  фабриките со тоа што ќе дозволат  побарувањата на доверителите да биде поголеми  од вредноста на имотот, со други зборови дозволиле да настапи презадолжност.  Во тој случај посебно кај акционерските друштва акциите ја губат  својата вредност. Дали во случајот на Фени постои презадолженост  ќе покажат анализите  кои ќе треба да ги направи  стечајниот управник по отворањето на стечајната постапка. Првичните сознанија за  финансиската состојба укажуваат на една ваква состојба  бидејќи веќе три години друштвото има потешкотии во работењето, а според некој сознанија преземањето на друштвото  и акциите се  нуделе по цена од едно евро по акција.  

Целта на стечајната постапка  е  доверителите  да ги наплатат  своите  побарувања во што повисок износ. Во таа смисла  колку што ми е познато  финансиските доверители кои поднесоа предлог за отворање на стечајната постапка, а кои  по се изгледа  ќе бидат и најголеми  доверители во стечајната постапка и покрај тоа што имаат обезбедено побарување уште во овој момент предлагат  или се спремни  да подржат реорганизација на  Фени во стечајната постапка. Таквата спремност ја покажуваат  уште во  претходната постапка  со тоа што ќе ги авансираат  сите трошоци во претходната постапка  со цел дејноста  на Фени да продолжи и да не дојде до намалување на вредноста на имотот и евентуално до згаснување на производствената линија. На овој начин  ќе се олесни процесот на реорганизација  кој во стечајната постапка може да  започне по предлог на доверителите или стечајниот управник. Со други зборови  кажано,  дејноста на  Фени нема да згасне, таа ќе продолжи и во  текот на стечајната постапка. По прифаќањето на планот за реорганизација  дејноста продолжува според предложената нова сопственичката структура согласно планот за реорганизација.  Се работи за одлична можност  вработените  да ги задржат  своите работни места и покрај тоа што била отворена стечајна постапка. Значи,  негативната конотација која одредени медиуми сеуште  ја даваат на стечајната постапка  не е вистинска слика за концептот на стечајната постапка  кој е вграден во нашиот закон. Постапката за реорганизација  во рамките на стечајната постапка нуди можости за  нов почеток, нов  животен циклус на претпријатието на  должникот и нови вработувања.  На крајот би нагласил дека  промената на сопственичката структура  во претходна постапка  не влијае на предлозите за отворање на стечајна постапка и поведената стечајна постапка, односно неисплатените побарувања на доверителите.

Со други зборови ако сакаме  успешна реорганизација во стечајната постапка, треба да се пронајде инвеститор кој  ја познава дејноста и  е спремен да вложи парични средства за продолжување на  производството  и приходот ќе биде употребен по намирување на трошоците  на производството  за исплата на побарувањата на доверителите. Уште не треба да се заборави дека се работи за производство на фероникел кој има берзанска цена со што ризкот е  поголем. За тоа кој ќе биде инвеститор  и за моделот на планот за реорганизација одлучуваат органите на доверителите односно одборот на доверители  и собранието на доверители, додека стечајниот судија  се грижи за законитоста на стечајната постапка.

ФАКТОР: Што ќе се случи доколку наскоро не се најде нов инвеститор кој би дал гаранции дека ќе го подмири долгот на ФЕНИ за фабриката да продолжи да работи?

Костовски: Во јавноста  најчесто се манипулира дека  инвеститорот во постапка на стечајна реорганзација  мора да даде одредена банкарска гаранција за  целокупниот долг на  друштвото спрема доверителите.  Не секогаш и во секој случај  е потребна ваква банкарска гаранција и тоа зависи од случај до случај. Постојат и други заштитни механизми кои можат  да бидат вградени во планот за реорганизација, со кој доверитеите ќе бидат заштитени од преземање на дејствија  со кои доверителите можат да бидат оштетени. Најчесто ваков модел на план за реорганизација со  продолжување  на дејноста и намирување на доверителите од остварениот приход е проследен и со  надзор од страна на стечајниот управник  во спроведување на планот за реорганизација.

Тоа зборува дека  во стечајната постапка доверителите се тие кои ќе одлучат за новиот инвеститор и под кои услови  ќе биде прифатен планот за реорганизација. Можно е доверителите да прифатат и намалување на  побарувањето за одреден  процент кој би бил реално поткрепен со  бизнис планот  кој е оставен дел на планот за реорганизација. Со други зборови, законот  овозможува  многу начини на кој  реорганизацијата може да спроведе кои  во услови на пазарот на фероникел кога се очекува раст на берзанската цена скоро е сигурно дека наскоро ќе биде избран  инвестор кој  ќе биде спремен да ги  исполни  барањата на доверителите, комбинатот да продолжи да работи и вработените да се вратат на  работа.

Законот предвидува и други модели на реорганизација без учество на инвеститор, така што и да не се појави инвеститор  сеуште постојат одредени шанси  друштвото кое се реорганизира да  опстои и продолжи со дејноста.

ФАКТОР: Какви се позициите на останатите доверители кон кои ФЕНИ должи уште 20 милиони евра, како ќе се сервисира овој долг?

Костовски: Со содржинскиот дел на планот за реорганизација кој  ќе биде предложен во стечајната постапка, се уредуваат сите  тие прашања. Конкретно ова прашање се однесува  на  стечајните доверители  кои според одредени проценки изнесуваат 20 милиони евра. Се работи за посебна  група на доверители кои ќе треба да гласаат за планот за реорганизација  со што се смета дека планот е прифатен ако  за него гласале  мнозинството на доверители со право на глас  од присутните стечајни доверители. Финансиските  доверители  спаѓаат во посебна група  на доверители, т.н, обезбедени доверители  и доколку со планот за реорганизација се  зафаќа  во нивното  обезбедено право  учествуваат  во планот за реорганизација и гласаат за негово прифаќање. Стечајните доверители се наоѓаат во понеповолна  позиција бидејќи  нивното побарување не е обезбедено.

ФАКТОР: Колкава е стечајната маса на ФЕНИ и дали е извршена првична проценка на имотот, средствата и резервите на компанијата?

Костовски: Со оглед на фактот што  сеуште не е отворена стечајна постапка  и не станале правните последици од отворањето  неможе да зборува колкава е стечајната маса на  ФЕНИ. Преземањето на имотот, пописот  и проценката исто така  се дејствија  кои се преземаат по отворањето на стечајната постапка. Спроведување на проценката на имотот  ја врши овластен проценувач според  меѓународните стандарди за процена. Покрај  овие дејствија, фазата на утврдување на побарувањата е  исто најважен сегмент  на стечајната постапка. По завршувањето на  овие фази  се пристапува кон изработка на почетен стечаен биланс.  Во секој случај, анализите  кои ќе бидат извршени во текот на стечајната постапка од страна на стечајниот управник,  преставуваат  добра можност да се утврди  дали причините за отворање на стечајната постапка се тешката финасиска состојба  поради намалување на цената на фероникелот на берзанските  пазари или органите  на управување преземале и други дејствија  поради кои  фабриката била доведена во инсолвентност.   

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи