26 Април, 2024
0.0295

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уште две жртви на корона, Куманово во карантин за викенд

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Април, 2020

Добивај вести на Viber

УШТЕ ДВАЈЦА ПОЧИНАА ОД КОВИД 19

Министерот за здравство, Венко Филипче попладнево на прес-конференција изјави дека двајца повозрасни мажи починале од коронавирусот. 

И двајцата имале сериозни здравствени проблеми. 

Има 46 нови случаи, при што најмногу се од нив се од Скопје 13, Куманово 23, Дебар 2, еден Прилеп.

Филипче рече дека тројца се испишани и одат на домашно лекување. 

„Во кумановската болница имаме 11 потврдени случаи, позитивни на коронавирусот. Оваа бројка ја компромитира работата на инфективното одделение. Упатени се двајца лекари од Скопје“, вели министерот. 

КУМАНОВО ОДИ ВО КАРАНТИН ОД ВЕЧЕРВА

Владата донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (денес) до 05:00 часот во понеделник.

Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Во изминатите 24 часа во земјава се регистрирани 46 нови случаи на коронавирус од кои половината односно 23 во Куманово. 

Граѓаните на Куманово се растрчаа по продавници да купуваат храна откако беше објавено дека градот оди во карантин за викендот. 

Владата донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (денес) до 05:00 часот во понеделник.

Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот.

На социјалните мрежи се шират фотографии од групи граѓани пред продавници, маркети, но има и критики зошто попладнево граѓаните се информирани дека по 21 часот, па до понеделник нема да се движат. 

Според нив, требало порано во текот на денот да се соопшти веста, за да имаат време и постарите да си купат храна. 

ПРИТВОР ЗА НАСИЛНИЦИТЕ ОД ШТИП

Насилниците од Штип кои тепаа беспомошна девојка, како и што бараше Обвинителството, заработија осумдмевен притвор.

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип донесе одлука за осумдневен притвор за двајцата штипјани, на возраст од 23 и 26 години, кои пред два месеци малтретирале и тепале девојка во влез на станбена зграда.

Оваа информација на Фејсбук ја потврди и заменик министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска.

„Одредена е мерка притвор за двајцата насилници од кои вчера целата македонска јавност беше згрозена. Санкции мора да има“, напиша Петровска.

Инаку, осомничените заедно пред два месеци извршиле грубо насилство врз девојка од Штип, а ОЈО Штип поднесе предлог за определување притвор на двете лица.

ПОЛОВИНА МАКЕДОНЦИ СЕ УШТЕ ОДАТ НА РАБОТА

Половина од Македонците се уште одат на работа. 

Гугл подготви извештај за да им помогне на службените лица во јавното здравство да ги разберат насоките на социјалната дистанца поврзана со COVID-19. Овој извештај не треба да се користи за медицинска дијагностика, прогноза или цели за третман. 

Ова исто така не е наменето да се користи како насока за планови за лични патувања. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Како што и најавија, банките јавно ги објавија олеснетите услови за исплата на кредитните обврски на граѓаните.

Речиси сите банкарски институции нудат шестмесечен грејс период, односно сите клиенти ќе добијат толкав перид на одложување на кредитните обврски.

Ѓорѓи Галетановски, директорот на Скопје ЗОО, вели дека буџетот на зоолошката градина со една третина се финансира од билетите што ги купуваат граѓаните, но тоа не значи дека во моментов има тешкотии во работењето на паркот откако ги затвори вратите за посетителите на неопределено време по препораките од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство пред три недели.

Саксонија, една од 16-тте германски покраини, со нешто повеќе од 4 милиони жители, од почетокот на пандемијата на коронавирусот, конкретно од 6. Март, кога е регистран првиот заболен пациент има вкупно 2.411 инфицирани луѓе и ниту еден смртен случај. 

За Фактор велат дека таму не е воведен полициски час, но нема ни потреба, бидејќи граѓаните најсовесно и најдисципинирано ги почитуваат воведените мерки

Владата ја смени Уредбата па акционерските друштва може да одржуваат годишни собранија, а со тоа да носат и одлуки за поделба на дивиденда.

Прва уште вечера кога владината одлука излезе во Службен весник, можноста ја искористи Комерцијална банка и го одржа годишното акционерско собрание.

Селото Скудирање во Општина Маврово – Ростуше е печалбарско, а повеќето млади и работоспособни жители се на работа во Италија.

Зурап Куртовски, жител на селото и директор на основното училиште „Блаже Конески“, вели дека од 3.800 жители, околу 2.500 се во Италија. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“