25 Април, 2024
0.0307

Галетановски: И без продажба на билети добро функционираме

Објавено во: Економија 03 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Ѓорѓи Галетановски, директорот на Скопје ЗОО, вели дека буџетот на зоолошката градина со една третина се финансира од билетите што ги купуваат граѓаните, но тоа не значи дека во моментов има тешкотии во работењето на паркот откако ги затвори вратите за посетителите на неопределено време по препораките од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство пред три недели.

Асоцијација на германските зоолошки градини кои се затворени како резултат на пандемијата на коронавирусот побараа од државата помош од 100 милиони евра, бидејќи за разлика од другите установи, тие не можеле да штедат. Галетановски вели дека во моментов скопскиот зоо-парк нема такви проблеми иако безмалку еден месец нема посети од граѓаните.

- Нашиот самофинансирачки буџет е само 30 отсто, а тоа се главно пари кои доаѓаат од продажбата на билети, додека останатиот дел од трошоците го покрива Град Скопје. Во моментов немаме самофинансирачки приходи, но Град Скопје ги покрива целосно сите трошоци и немаме проблем во функционирањето, вели Галетановски за „Фактор“.

Тој додава дека работењето е тековно, освен она што е забрането со мерките за заштита од коронавирусот. Она што би било отежнувачко е да се транспортираат новите животни кои се веќе планирани.

- Вработените работат со половина работно време, а исто така соработуваме активно со донаторите на новите паркови. Ги градиме и новите живеалишта. Тоа за флимингата треба да биде готово за 10 дена, а за пингвините во текот на април, додека дино-паркот во мај. Ги имаме сите потребни дозволи и штом заврши оваа криза тие ќе бидат донесени. Се работи за 15 фламинга од Чешка и јато пингвини од Лондон, тврди Галетановски.

Очекува што побргу да завршат мерките против епидемијата и скопската ЗОО да ги отвори вратите за посетителите.

- Кај нас секоја нова сезона започнува во мај. Посакувам во мај се да биде во ред и посетителите да дојдат во голем број штом отвориме. Лани ние бевме институција со најголема посетеност во земјата и поставивме рекорд. Очекувам тој рекорд да го собориме оваа година, порачува тој.

Додека ги нема љубителите на дивиот свет, Скопје ЗОО ги дезинфицира сите површини низ градината, од тоалетите, влезот, билетарата до клупите и летниковците. Во живо  се вклучуваат и едукативни видеа на нивната Фејсбук страница.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?