17 Мај, 2024
0.0305

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Талат Џафери избран за спикер, а членови на ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка од Мицкоски

Објавено во: Македонија 21 Август, 2020

Добивај вести на Viber

ТАЛАТ ЏАФЕРИ ПОВТОРНО Е СОБРАНИСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ

Пратеникот Талат Џафери е избран за претседател на Собранието. 

Тој доби зелено светло од пратениците денеска на конститутивната седница. 

На седницата „за“ гласаа 62 пратеници, а „против“ беа 43, додека водржани немаше. 

Талат Џафери даде заклетва пред пратениците. 

Џафери и претходно беше претседател на Собранието, во претходниот парламентарен состав. 

ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека нема да го поддржи Џафери. 

СОПАРТИЈЦИ БАРААТ ОСТАВКА ОД МИЦКОСКИ

Оставка од Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО - ДПМНЕ побара денеска Иницијативата за промени во ВМРО-ДПМНЕ. Бараат да се свика нов конгрес на кој треба да се избере нов претседател. На пресконференцијата беа присутни Ивица Коневски, Жика Стојановски, актуелниот градоначалник на општина Илинден, Петре Латиновски, поранешен градоначалник на Бутел. 

„За изборниот резултат виновен е оној кој можеше, но не понуди политики со кои ќе ги привлече гласачите. Виновен е тој кој форсираше поделби, не зазема цврст став за ниту едно прашање. Виновен е тој што не успеа да изград и да завеземе став за сите. Кога еден тим губи, не може да биде виновна публиката или играчите, или домарот кој се грижи за соблекувалните. Одговорен е Христијан Мицкоски, рече Весна Дамчевска Илиевска, поранешна пратеничка од партијата.

Вели дека Мицкоски ги загуби претседателските избори, ги загуби локалните избори во Охрид и Ново Село. Ги загубил и парламентарните избори.

ЗА 24 ЧАСА ПОВЕЌЕ ОЗДРАВЕНИ ОД ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1825 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-7, Дебар-8, Штип-14, Прилеп-2, Тетово-10, Велес-2, Охрид-3, Гостивар-11, Гевгелија-3, Крива Паланка-3, Кочани-1, Пробиштип-1, Берово-8, Делчево-3, Свети Николе-4 и Кичево-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира  225 оздравени пациенти од: Скопје-146, Куманово-15, Штип-5, Прилеп-2, Тетово-10, Струга-1, Битола-10, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-10, Струмица-6, Радовиш-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-3, Валандово-1, Виница-1, Кичево-5 и Неготино-2.

Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје на 62 и 68 години и еден пациент од Струга на 68 години, сите во болнички услови.

СИЛВИЈА СТОЈАНОВСКА НЕ СЕ ЧУВСТВУВА ВИНОВНА

Aктерката Силвија Стојановска и нејзиниот поранешен сопруг Воислав Будисављевиќ на првото рочиште на судењето во случајот „Колибри“ кажаа дека не се чувствуваат виновни.

Се произнесоа дека не се поврзани со трговија на кокаинот, односно со негово купување и продавање во количина од близу 700 килограми од Јужна Америка во Шпанија. 

Според обвинителството, Будисављевиќ му помагал на својот брат Владимир и му вадел карти и наоѓал транспорт за прекуокенаскиот пат на кокаинот кон Шпанија. Владимир Будисављевиќ и двајца шпански државјани се обвинети за шверцот во Шпанија каде се упасени со пратката во близина на Мадрид.

Обвинителство тврди дека Коминикацијата на браќата Будисављевиќ била преку Енкрочат апликации, на телефонски уреди со кои се шифрирале и криеле пораките. Актерката Стојановска, пак уплаќала пари и купувала авионски карти, како и изнајмувала апартман во Мадрид. 

Обвинителство тврди дека Стојановска била во Мадрид каде од за неа непознато лице зела 10 илјади евра. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во последната анкета, специјална за корона-кризата, што ја објави комората на германските инвеститори во Македонија направена во јули, најмногу проблеми на компаниите им предизвикуваат недоволните субвенции од страна на државата. 

Во Македонија периодов најмногу се бараат општи работници, продавачи,  шивачи, хигиеничари и келнери.

Корона кризата дефинитивно го погоди банкарскиот сектор во земјава. Во првото полугодие од годинава вкупниот профит на сите, тогаш 15 банки во земјава, се намалил за дури 13,5 милиони евра.

И по 20 дена од препораката на Комисијата за заразни болести за почнување на работа на градинките, одлука се уште нема за тоа како ќе почнат да функционираат установите за згрижување на децата од претшколска возраст.

Најголемата охридска хотелиерска компанија прими страшен удар од пандемијата што ја предизвика COVID 19. Во вториот квартал приходите изнесувале само 11.000 евра, а оперативната загуба е 319.000 евра.

Меѓу банките, Капитал банка е таа која има највисока стапка на адвекатност на капиталот. Во време кога банкарскиот сектор во земјава се соочи со затворање на една банка разговараме со претседателот на Управниот одбор на Капитал банка Цветан Петринин.

Можеби ќе ве интересира

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?