16 Мај, 2024
0.0335

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Собранието ја прифати оставката на Заев, следи формирање на нова Влада

Објавено во: Македонија 23 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

СОБРАНИЕТО ЈА ПРИФАТИ ОСТАВКАТА НА ЗАЕВ

Оставката на Зоран Заев како премиер на државата е официјално прифатена од Собранието и од претседателот Талат Џафери.

„Претседателот на владата може да ја образложи оставката, но известен сум дека нема да ја образложи. Констатирам дека на претседателот и на Владата им престанува мандатот“, констатира спикерот Џафери.

Владата останува на должност до изборот на новата Влада.

Откако премиерот Зоран Заев вчера поднесе оставка, веќе почнуваат да течат уставните рокови за предлагање и избор на новиот владин состав. 

Сега е на потег шефот на државта, Стево Пендаровски, кој треба да го додели мандатот. Односно, Пендаровски сега треба да го додели мандатот на новиот мандатар Димитар Ковачевски. 

Претседателот на државата, Стево Пендаровски во интервју за Канал 5 изјави дека Димитар Ковачевски, новиот лидер на СДСМ,е непознаница во политиката и треба да му се даде шанса. 

Пендаровски очекува предавањето на мандатот на новиот мандатар да се случи следниот вторник или среда.

ЌЕ СЕ ЛЕГАЛИЗИРААТ ДИВОГРАДБИ

Подготвен е нов Предлог закон за бесправно изградени објекти со кој предмет на легализација ќе бидат дивоградби изградени до 1 јануари 2021 година, со исклучок на тие што се изградени во границите на Охридскиот регион, заштитените подрачја, ….како и згради, доградби и надградби на згради, времени у помошни објекти.

Ресорниот министер Благој Бочварски денеска соопшти дека се предвидува скалест начин на пресметување на надоместот за легализација. За објект со површина до 80 метри квадратни висината на надоместот се зголемува за 50 проценти, како казна за бесправното градење, а за објект од над 80 метри се зголемува за 100 проценти. Во прилог на барањето, како доказ за бесправен објект ќе се земаат само предвид сметките за јавни услуги. Од надомест за легализација ќе бидат ослободени граѓани кои имаат до 180 илјади денари нето годишен приход.

ИМА 269 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.449 тестирања, а регистрирани се 269 нови случаи на КОВИД-19, и тоа Скопје – 142, Битола – 17, Охрид –16, Кавадарци и Струмица – по  14, Прилеп – 13, Велес – 9, Штип и Ресен – по 7, Валандово – 5, Тетово и Крива Паланка – по 4, Гевгелија и Неготино – по 3, Куманово, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 2, Свети Николе, Берово и Крушево – по 1.

Регистрирани сe 353 оздравени пациенти од: Скопје – 165, Прилеп – 30, Битола – 29, Кавадарци – 24, Куманово – 12, Охрид – 11, Радовиш – 10, Велес – 9, Струмица и Валандово – по 7, Штип, Гевгелија, Неготино и Демир Хисар – по 6, Кочани – 5, Крива Паланка, Богданци и Кичево – по 3, Ресен, Тетово, Берово, Струга, Делчево, Пробиштип, Кратово, Македонски Брод, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран – по 1.

ОМИКРОН Е ПОТВРДЕН ВО СРБИЈА И АЛБАНИЈА

Во Србија денеска е регистриран првиот случај на новата варијанта на корона вирусот омикрон. 

Ова за Блиц.рс го потврдила професорката Тања Јовановиќ, стои во кусата објава на овој српски медиум. 

Претходно албанските медиуми јавија дека и во таа држава е регистриран еден случај на омикрон. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Без работа нема независност, и ова е голем проблем за младите во Македонија, кои пак во многу истражувања на јавното мислење и анкети ја споменале оваа појава како негативна.

Новиот градоначалник на Радовиш, Ацо Ристов, влегува во бизнисот со мали хидроцентрали. Владата на една од последните седници донесе одлука да одобри пренос на дозвола за концесија за 32 мали хидроцентрали на реките Вардар, Струмица и Црн Дрим на друштвото за производство на електрична енергија Еко Тера од Скопје.

И големи странски компании што работат во земјава имаат проблем со раскинување на договорите за снабдување со електрична енергија, и тоа од истиот добавувач за кој веќе пишуваше Фактор. 

Ако се потврди оваа неофицијална информација ЕСМ ќе мора да бара нова „инфузија“ од Владата. Од ноемвриската помош од буџет вредна 65 милиони евра досега ЕСМ потроши околу 58 милиони евра (15 милиони за набавка на струја во ноември и уште 43 милиони за непроизведена, а превземена струја од европската мрежа за периодот од август до октомври која МЕПСО мора да ја плати на ЕНТСО-Е). 

Стечајниот управник на пропадната банка на Трифун Костовски, Еуростандард банка, Душко Тодевски, бара од стечајниот судија да ја одобри исплатата на неговата награда. Тодевски на 21 декември односно пред три дена до судијата го доставил предлогот за награда на стечајниот управник и во него на страница и половина образложува некои детали од стечајната постапка. 

Да се ограничи работата во одредени денови недела и празници во услови на специфични околности, пандемиска и енeргетска криза е несериозно и без визија за економскиот амбиент во кој функционира државата. Стопанствениците од Стопанската комора се на ставот дека овој концепт е спротивен на концептот за економски развој на државата и сметаат дека законското прогласување на недела за неработен ден е неуставно и нелегитимно.

Најблиските соработници на поранешниот премиер Зоран Заев се убави зборови или фотографии се простуваат од него на своите фејсбук профили. 

Можеби ќе ве интересира

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

„ОБИДОТ ДА СЕ РЕШАТ ДВЕТЕ КЛУЧНИ ПРАШАЊА ВО ЕДЕН МАНДАТ Е ТЕШКА ГРЕШКА“: слушнете го ставот на Бранко Азески во „Бизнис Муабети“

„ОБИДОТ ДА СЕ РЕШАТ ДВЕТЕ КЛУЧНИ ПРАШАЊА ВО ЕДЕН МАНДАТ Е ТЕШКА ГРЕШКА“: слушнете го ставот на Бранко Азески во „Бизнис Муабети“

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ПРИБИРА И АНАЛИЗИРА ДОКАЗИ ЗА ПАЛЧО, НО ТИЕ НЕМА ДА СЕ СПОДЕЛАТ СО ЈАВНОСТА - првата ноќ во затворот тој ја поминал мирно

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ПРИБИРА И АНАЛИЗИРА ДОКАЗИ ЗА ПАЛЧО, НО ТИЕ НЕМА ДА СЕ СПОДЕЛАТ СО ЈАВНОСТА - првата ноќ во затворот тој ја поминал мирно

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ќе бараат гаранции за уставни измени?

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ќе бараат гаранции за уставни измени?

СЕ ОБЕСИЛ ВО ПРИТВОРОТ КАДЕ ИМАЛО УШТЕ ЕДЕН ПРИТВОРЕНИК: Притвореникот кој си ги уби сестрата и внукот во кумановски Габреш си го одзема животот

СЕ ОБЕСИЛ ВО ПРИТВОРОТ КАДЕ ИМАЛО УШТЕ ЕДЕН ПРИТВОРЕНИК: Притвореникот кој си ги уби сестрата и внукот во кумановски Габреш си го одзема животот