14 Декември, 2025
0.0490

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

Објавено во: Економија 12 Септември, 2024 21:39

Добивај вести на Viber

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОВИСОКИ ПЕНЗИИ

Следниот месец пензионерите ќе добиваат пензија зголемена за 2.500 денари.

На денешната седница на Собранието се изгласа Законот за линеарно зголемување на пензиите на сите пензионери за 2.500 денари, почнувајќи од септемвриската пензија. Идната година пензионерите пак ќе добијат покачување. И лидерот на СДСМ, Венко Филипче кажа дека пензионерите заслужуваат покачување. 

ПРЕДИСТРАЖНА ПОСТАПКА ЗА СОМНЕЖИ ЗА ДАНОЧНА ИЗМАМА

По доставено известување од страна на МВР за сознанија до кои дошла УЈП, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“ по член 279 „даночна измама“ по член 279-а и „перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 од Кривичниот законик на група субјекти, соопшти попладнево ОЈО ГОКК.

Оттаму посочуваат дека заради докажување на основите на сомневање за сторување на наведените кривични дела, на барање на предметниот јавен обвинител, судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје издаде наредби за претрес на дом и други простории на повеќе локации во повеќе градови.

ДУШКО ПАВЛОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ИКОНОСТАСОТ ЌЕ БИДЕ ДОНИРАН НА ДРУГА ЦРКВА

Душко Павловски демантира дека сакал да предизика некакви меѓуетнички тензии по повод настаните за црквата во селото Галате. 

Вели дека тој е иницијатор за чистење и санација на дворот и црквата во Галате. 

„Посебно во целост ги демантирам  наводите од страна на селаните на село Галате, бидејки селаните на селото, за истово знаат од 2020 година како и Македонската православна црква, но за жал цели 23 години ја оставиле запустена оваа мала црква, а сметам дека е срам за православието, а за истата црква иконостасот е готов од 2022 година, кој јас лично го имам нарачано и платено, но од фамилијарни причини, поточно поради смрта на двајцата мои родители во  период од 2020 до сега не бев во можност да отпочнам со чистење и санација на црквата и дворното место. 

ФИЛИПЧЕ БАРА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАЕМ ОД УНГАРИЈА

Пратениците на СДСМ бараат да се повлече законот за заем од Унгарија по скратена постапка и тој да се носи во редовна постапка, за него да се организира дебата со вклучување на експертската јавност. Предлог законот, како што кажа, е коруптивен и земјата се става во должничко и политичко заложништво кон Унгарија.

Пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција во Собранието побара законот да се донесе во редовна постапка, да се организира јавна дебата и да се носи согласно Деловникот. Филипче кажа дека претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Сања Лукаревска нема да го стави на дневен ред законот за заемот.  а според новиот Деловник за работа на Собранието ако претседателот на работното тело не свика седница кога е должен тоа да го стори или ако работното тело нема претседател, седницата ја свикува претседателот на Собранието кој го одредува и претседавачот до завршување на седницата (член 126 од Деловникот). 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Дека има помалку народ во државата и дека иселувањето не запира, чувствуваат и земјоделците кои редовно одат на пазарите. 

Само еден е бизнисот што не се гледа ниту слуша, а прави милиони евра. Станува збор за патиштата низ кои тече струјата од производителите кон потрошувачите. А нив ги контролира МЕПСО и за тоа добро наплаќа. 

Законот за задолжување од Унгарија веќе е пред собраниските пратеници, заедно со Договорот кој нашата земја, или поточно министерката за финансии треба да го потпише со унгарската Експорт- Импорт Банка.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји