09 Октомври, 2024
0.0265

ДУШКО ПАВЛОВСКИ ЗА ЦРКВАТА ВО ГАЛАТЕ: Со тешко срце, само поради тоа што нашата иницијатива беше злоупотребена јас лично се оградувам

Објавено во: Македонија 12 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Душко Павловски демантира дека сакал да предизика некакви меѓуетнички тензии по повод настаните за црквата во селото Галате. 

Вели дека тој е иницијатор за чистење и санација на дворот и црквата во Галате. 

„Посебно во целост ги демантирам  наводите од страна на селаните на село Галате, бидејки селаните на селото, за истово знаат од 2020 година како и Македонската православна црква, но за жал цели 23 години ја оставиле запустена оваа мала црква, а сметам дека е срам за православието, а за истата црква иконостасот е готов од 2022 година, кој јас лично го имам нарачано и платено, но од фамилијарни причини, поточно поради смрта на двајцата мои родители во  период од 2020 до сега не бев во можност да отпочнам со чистење и санација на црквата и дворното место. Имено црквата не е во фунција, а за истата да се врати во функција не се потребни никакви градежни дозволи бидејки доволно е само да се исчисти дворот кој беше обраснат, да се постават прозори и врати и да се офарбаат ѕидовите, кои активности не значат никава градба или доградба. Отпочнавме со истото односно со санација и чистење, а со мои пријатели во мултиетнички состав и мултирелигиски состав, односно во чистење помагаа и мои пријатели Албанци кои има најактивно учество. Оттука  со сигурност се потврдува дека сум немал никакви подли намери кои ми се ставаат на терет“, вели Павловски.

Додава дека прво Општина Врапчиште им испрати инспекција за наводна дивоградба, а потоа и за наводна узурпација, и како што вели нормално е да се искаже минимален револт затоа што некому пречи да се исчисти просторот околу цркавта. 

„Самата црква е со површина од околу 25м2. Во меѓувреме црквичето беше заградено со арматури и ленти. Во општината бевме да ги вратиме арматурите ставени околу црквата за што и впрочем баравме лично од градоначалникот да се увериме дали навистина општината ги ставила овие арматури. Поради тоа бараме јавно извинување од градоначалникот на Општина Врапчиште кој се обидува да го спречи чистењето на дворот околу црквата, за искажаните навреди  дека ние сме криминална група. Сметам дека со преземните дејствија, надлежните институции ги пречекориле и злоупотребиле своите овластувања дадени со закон, па како резултат на ова ја имаме последицата која ни се става на терет. И за крај сакам да изјавам дека  со тешко срце, само поради тоа што нашата иницијатива беше злоупотребена изјавувам дека јас лично се оградувам од оваа добронамерна иницијатива, и им заблагодарувам на сите кои учествуваа во чистењето на дворот од црквата. Изјавувам дека имам многу пријатели од сите етнички заедници кои може да посведочат за мојата личност  дека немам никакви предрасуди. Нарачаниот иконостас ќе се донира во црква во друг град каде ќе имаме подобра комуникација и соработка, а останува мојата желба и молба да оваа црква биде санирана и исчистена и пуштена во функција“, информира Павловски. 

Деновиве се создадоа тензии околу црквата. Полицијата приведе две лица и по обавен разговор, тие беа пуштени. Еден од приведените беше и Павловски. 

Како што соопшти полицијата, градоначалникот ги примил, но сакал разговорот да не се снима со телефони, по што луѓето тоа не го прифатиле и тој наредил да си заминат. Потоа дошла полиција да го испразни објектот. 

Градоначалникот на Врапчиште, Исен Шабани, кажа дека тензиите ги предизвикале луѓе од соседните општини. 

Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл