ХРАНАТА ШТО СМЕ ЈА ПРОИЗВЕЛЕ ТРЕБА ДА ИМА КОМУ ДА ЈА ПРОДАДЕМЕ: Земјоделците чувствуваат последици oд иселувањето
Објавено во: Македонија, Агробизнис 12 Септември, 2024 07:39
Дека има помалку народ во државата и дека иселувањето не запира, чувствуваат и земјоделците кои редовно одат на пазарите. Тие велат дека за разлика од порано, кога брзо успевале да ги продадат производите, сега има денови кога тешко им оди. Објаснуваат дека структурата на населението се менува, ама и навиките. Во градовите има помалку млади луѓе за разлика од порано, и сметаат дека младите генерации денес поретко прават зимници. Пензионерите пак се со скромни примања и го купуваат најосновното.
„Продавам зеленчук од 2001 година досега. Ако тогаш до 9 часот успевав да продадам 100 или 120 килограми пиперки, сега се мачам да продадам 60 килограми. Посебно кога се во ек одморите, се чувствува дека нема народ“, вели земјоделка од кумановско.
Во сите краеви на Македонија истиот проблем е видлив.
„Нормално дека ако нема народ, не се троши ништо. Се трошеше брзо порано, а сега не купува никој, не зема никој. Луѓето гледаат да бегаат во странство. И уште повеќе ќе замира земјоделството за неколку години. И трговците не земаат многу. Нема пласман. Нема каде да се продаде“, вели Васко Николовски, земјоделец од Радобор.
Ако проценат дека не можат сами да продадат поголеми количини, земјоделците го продаваат зеленчукот на трговците. Но, има и земјоделци кои велат дека за квалитетните производи купувачи секогаш ќе се најдат.
„Се чувствува дека има помалку народ, и производство има помалку, ама и народ помалку. Сепак, добра роба не останува. Секој сака квалитетно да си купи. Секој си има свое мислење“, додава Мите Петров, земјоделец од струмичко.
Последниве неколку години, земјоделците велат дека потешко им оди со продажба на произведената храна.
„Беше подобро, сега оди потешко, последниве пет-шест години“, вели земјоделец од битолско кој продава везен пипер.
Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), во 2023 година се намалило производството на домати, краставици, сончоглед. Значително намалување на производството кај овошјето е забележано кај јаболката за 51.2 отсто, кај крушите за 41.2 отсто, кај сливите за 46.1 отсто и кај праските за 50 отсто. Но, и пописот на населението од 2021 година покажа дека има намалување на населението во повеќето општини. За 20 години Македонија е со 185.000 граѓани помалку.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




