ФАКТОР НА ДЕНОТ: Првоосомничениот за убиството на Тот се предал откако полицијата распиша меѓународна потерница
Објавено во: Македонија 13 Април, 2022 21:28
ПРВООСОМНИЧЕНИОТ ЗА УБИСТВОТО НА ТОТ Е ПРИВЕДЕН
Приведен е Анџело Ѓорѓиевски.
Три лица се осомничени за смртта на младиот хрватски ракометар Денис Тот од Ѓаково. Една од нив е 19-годишната Клементина Летковска од Скопје, пренесува хрватски индекс.
Оливер Спасовски, министерот за полиција на Северна Македонија, за Јутарњи лист потврди дека ракометарот и девојката се познавале. Полицијата сѐ уште истражува дали Денис и Клементина се познавале од порано или се запознале во кобната ноќ.КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ДАДЕ ПРЕПОРАКА ДА СЕ УКИНАТ КОВИД СЕРТИФИКАТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ЗЕМЈАВА
Комисијата за заразни болести денеска препорача да се укине задолжителното поседување сертификат за вакцинација или прележаност на КОВИД-19 за влез во земјава. Овие потврди ќе останат да важат за влез во угостителски објекти.
За оваа обврска при влез во ресторани и барови не е препорачано да биде укината зашто Комисијата смета дека не е добро да се укине сè одеднаш туку постепено.НАРОДНА БАНКА ИЗЛЕЗЕ СО МЕРКА ЗА ИНФЛАЦИЈАТА
Народната банка презема мерки за покачената инфлација. Денеска на седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, одлучиле да се зголеми каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени. Досега каматата на благајничките записи односно основната камата беше 1,25 процентни поени, а со зголемувањето ќе биде 1,5 отсто.РУСИЈА СЕ ЗАКАНУВА, А УКРАИНА БАРА ПОМОШ ВО ОРУЖЈЕ
Испораките на оружје на САД и НАТО ќе бидат легитимни цели за руската војска, порачаа руските власти. Ова го кажа рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска во интервју за руската државна новинска агенција ТАСС.
Рјабков вети дека ќе ја спречи западната воена помош за Украина.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




