Русија им се закани на оние кои праќаат оружје во Украина
Објавено во: Свет 13 Април, 2022 19:04
Испораките на оружје на САД и НАТО ќе бидат легитимни цели за руската војска, порачаа руските власти. Ова го кажа рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска во интервју за руската државна новинска агенција ТАСС.
Рјабков вети дека ќе ја спречи западната воена помош за Украина.
„Ги доведуваме Американците и другите западњаци до сознанието дека обидите да се забави нашата специјална операција, нанесувајќи максимална штета на руските контингенти и формации на ДПР и ЛПР (Народни републики Доњецк и Луганск) ќе бидат сериозно потиснати. Предупредуваме дека пратките со оружје од САД и НАТО на украинска територија ќе ги сметаме за легитимни воени цели“, рече тој.
За санкциите рече дека придонесуваат да се развијат одредени сектори во Русија, како што е земјоделството. Украина и натаму бара оружје за да може да се брани. Во повеќе наврати властите бараа оружје од западните земји. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина.
Можеби ќе ве интересира
Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот




