19 Мај, 2024
0.0455

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицискиот час останува, денес има 30 починати од коронавирусот

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 22 Март, 2021

Добивај вести на Viber

ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ОСТАНУВА НА СИЛА

Владата официјално соопшти дека одлуката за полицискиот час која истекуваше денеска, се продолжува во наредните две недели, по предлог на Комисијата за заразни болести.

„Владата на Република Северна Македонија на денешната 56-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе одлука да биде продолжена актуелната мерка за забрана и посебен режим на движење на граѓаните на целата територија на државата во временскиот период од 22:00 часот до 05:00 часот, почнувајќи од денеска, односно од 23 март до 6 април“, информираат од Владата.

Претходно, министерот за здравство Венко Филипче, рече дека сепак во меѓувреме ќе може да се одлучува поинаку и да се зголеми времетраењето на полицискиот час, кој засега останува во рамките на истите термини.

ЗА 24 ЧАСА ИМА 30 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 1.682 тестирања, а регистрирани се 457 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 198, Прилеп - 32, Куманово – 30, Охрид – 29, Велес – 25, Кавадарци – 24, Штип – 17, Тетово – 16, Гевгелија – 15, Гостивар – 13, Струмица и Кочани – по 9, Струга, Неготино, Свети Николе, Македонски Брод, Виница – по 5, Пробиштип – 3, Кичево, Крива Паланка, Радовиш и Богданци – по 2, Ресен, Дебар, Берово и Кратово – по 1.

Регистрирани се 700 оздравени пациенти од:

Скопје - 291, Кавадарци - 52, Неготино – 42, Охрид – 38, Велес – 36, Прилеп – 35, Куманово – 26, Крива Паланка – 25, Гостивар – 23, Гевгелија – 18, Битола – 15, Струга – 14, Струмица – 13, Кочани – 11, Богданци – 10, Тетово – 8, Берово – 7, Штип ,Радовиш и Демир Капија – по 5, Пробиштип и Валандово – по 4, Свети Николе и Кратово – по 3, Демир Хисар – 2, Кичево, Ресен, Виница, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Пријавени се вкупно 30 починати лица, на возраст од 50 – 84 година и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп - 6, од Битола и Охрид – по 3 починати, од Кочани и Демир Капија – по 2 и по едно починато лице е пријавено од Куманово, Тетово, Велес, Струга, Неготино, и Радовиш. Сите пријавени се починати во болнички услови.

ГРУБИ ПО ПРИШТИНА, ОДИ ВО ТИРАНА

Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби по посетата во Приштина, денес и утре ќе престојува во Тирана, каде како што известуваат од неговиот кабинет, една од целите на посетата ќе биде и попишувањето ан дијаспората.

Груби во Тирана треба да се сретне со државниот врв и лидерите на албанските политички парти, но и општествени дејци.

„Тема на разговор на состаноците ќе биде билатералната соработка, европската интеграција, пандемијата и процесот на Попис во Република Северна Македонија“, се вели во соопштението.

ЕКСПЛОДИРАЛА ПЛИНСКА БОЦА ВО ВИКЕНДИЧКА ВО МАТЕЈЧЕ

Министерството за внатрешни работи денеска потврди дека С.С.(34), В.И. (31), Н.Н. (31), З.С.(27), М.Н.(44) и Б.Ш.(36), се здобиле со тешки телесни повреди како резултат на експлозија на плинска боца во викендичка во село Матејче на место викано „Матејачки колиби“. 

– Повредените имаа изгореници на лице и раце, и биле пренесени за Скопје во градската болница и на пластична, изјави директорката на општа болница Куманово, Снежана Захариева. 

Потоа тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Известен е јавен обвинител и извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово. 

СЕ ВЛОШУВА ЗДРАВЈЕТО НА КАМЧЕВ

Асистенција и мониторинг од повеќе домашни и меѓународни институции ќе побара одбраната на притворениот Јордан Камчев денеска. Ќе се обратат до Комитетот за превенција на тортура при Советот на Европа, Асоцијацијата за превенција од тортура од Женева, во одделот за национален превентен механизам кај Народниот правобранител како и од македонскиот Хелсиншки комитет.

Одбраната на Камчев тврди дека неговиот клиент ја отслужува мерката притвор во просторија во која не се исполнети минимални стандарди согласно со закон и со меѓународно право. Бранителите велат дека во собата нема санитарна вода, а вода за пиење Камчев добивал ограничено и не секој ден. Немал пристап до светлина и до свеж воздух.

РАСТЕ ИНТЕРЕСОТ ЗА САМОПОПИШУВАЊЕ

Расте интересот за самопопишување. Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика (ДЗС) денеска на прес - конференција информираше дека во последното деноноќие се попишани повеќе од 20.000 граѓани, македонски државјани кои живеат и престојуваат во странство. 

Таа рече дека ова нагло зголемување се должи на викендот и смета дека кампањата што се води во странство ги дава резултатите, апелирајќи до граѓаните да се самопопишуваат. Додава дела тоа е многу едноставна процедура, која е лесно достапна и брзо се завршува. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Oдносите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија се трајно нарушени од причини што не зависат од Бугарите и од Македонците, вели за Фактор, бугарскиот политиколог Марија Пиргова.

Полицискиот час кој е воведен на 10.март, а забраната за движење трае од 22 до 05 часот е продолжен за уште две недели. 

РИК „Силекс“ со неговите фирми ќерки во корона криза ги зголеми приходите од продажба за 24 отсто. Тие надминале 10 милиони евра од продажба на сунѓер, жива стока, сирење, патенти и силекс кугла.

Во деловниот свет и корпоративното работење постојано секој од нас се соочува со одредени предизвици во работењето. Особено изминатата година беше навистина тешка за секоја компанија, но и за физичките лица. Предизвикот со корона вирусот, и глобалната пандемија, го пореметија комплетно начинот на функционирање, а со сето тоа го променија и финансиското работење на секој од нас.

Можеби ќе ве интересира

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално