19 Мај, 2024
0.0284

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови 128 позитивни, ДУИ излезе со албанска платформа, а Села и Гаши маршираа

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

ШЕСТ ПОЧИНАТИ И НОВИ 128 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство соопшти дека во последниоте 24 часа од 1025 тестирања, се регистрирани 128 нови случаи на ковид-19. Статистиката по градови е следна: Скопје 52, Куманово 6, Штип 29, Прилеп 2, Тетово 6, Битола 2, Кавадарци 10, Гостивар 13, Кочани 1, Пробиштип 1, Македонски Брод 3, Виница 2, Свети Николе 1

Денеска починаа 6 лица, четири пациенти од Скопје, еден пациент од Кичево и еден од Струга.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 137 оздравени пациенти од:

-Скопје 108
-Куманово 2
-Прилеп 1
-Тетово 11
-Велес 1
-Битола 3
-Гостивар 2
-Кочани 2
-Кичево 2
-Ресен 5

Досега во земјата се направени вкупно 96194 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

ДУИ ИЗЛЕЗЕ СО АЛБАНСКА ПЛАТФОРМА

Бараа единство околу идејата за Албанец премиер, но откако тоа некако се изјалови, сега Демократската Унија за интергација има нова. Бујар Османи вчера изјави дека партијата има пет столба за преговори меѓу партиите на Албанците. На предвремените парламентарни избори партиите на Албанците во Македонија добија 32 од 120 пратенички места во Собранието.

Многу е важно да се согласиме за оваа албанска платформа во политичката трка која треба да биде постојана за албанската политика, изјави денеска Бујар Османи за ТВ21.

„1. На изборите не се тркаме со повеќе од две листи. 

2. Партијата која ќе добие глас повеќе зборува во име на Албанците во другите општини.

3. Партиите и пратениците кои имаат глас помалку, даваат поддршка на првата партија која за стратешките линии ќе зборуваат во името на сите пратеници Албанци, а за дневно политички прашања ќе биде главен коректор. 

4. Пратениците на партиите кои не победиле не водат разговори на страна за да ги ослабнат преговарачките позиции на победничката партија (како во 2006). 

5. Можност за соработки во разни форми во интерес на граѓаните меѓу албанските политички партии“, истакна Бујар Османи.

СЕЛА И ГАШИ МАРШИРАА

Kоалицијата Алијанса-Алтернатива вечерва одржува демонстративен марш поради пребројувањето на гласовите од предвремените парламентарни избори.

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари за Тв 21 изјави дека пораката на маршот е да не се повторат претходните грабежи и криминали кои се случуваат во последните 18 години.

Тој вели дека преговараат за составување на Влада. 

АЛАРМАНТНО ВО КАВАДАРЦИ, ШТИП И СВЕТИ НИКОЛЕ

Најголем број новозаразени со корона вирусот од почетокот на епидемијата има денеска во Кавадарци. 

Дури 10 нови се позитивни на ковид, потврди за Фактор, д-р Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог во Центарот за јавно здравје на Кавадарци.

Со 14 новозаболени за еден ден во последната статистика од вчера, Штип остана повторно меѓу градовите кои имаат најмногу новозаболени од коронавирусот. 

Додека надлежните сметаат дека стравувањата за овој град од истокот се најголеми поради неможноста ширењето да се стави под контрола, во градот веќе се зборува дека е можно да биде затворен, слично како што беше тоа со Дебар и со Куманово.

Свети Николе добива мобилен пункт за тестирање за Ковид-19. 

Градоначалникот  Сашо Велковски вели дека денеска ја добиле одлуката на Владата. 

„Како Општински кризен штаб чекаме детали за пунктот за тестирање и колку пати во неделата ќе доаѓаат епидемиолози од Центарот за јавно здравје-Велес. Веднаш штом ќе добијам информација ќе ги информираме граѓаните на Општина Свети Николе“, вели Велковски.

Тие чекаат одговор за нивото барање за санитетско возило за транспорт на болните од Ковид-19 до болниците во Штип и Велес. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Дури 100- тина вработени-технилки кадар во ГОБ „8 Септември“, кои изминативе 5 месеци, откако болничката установа стана Ковид-центар за најтешко болните пациени, останаа без најавената парична помош пртеку платежните картички. 

За Фактор велат дека револтот кај нив е уште поголем бидејќи кога реагирале и прашувале зашто се дискриминирани, им било посочено дека грешкатата ќе биде исправена.

Денеска во Скопје повторно има зголемување на бројот на нови случаи со корона вирусот. Само според утринските податоци од Центарот за јавно здравје на град Скопје има 40-50 новозаразени, но ова не се конечни резултати.

Ниту едно слободно работно место минатата недела немаше во Крушево. Ова во петокот можеше да се види од податоците објавени на веб страницата на Агенцијата за вработување.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“