19 Мај, 2024
0.0290

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Короната си го зема „данокот“, Заев вели не треба да се тркаме со вакцинацијата

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 25 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

КОРОНАВИРУСОТ И ПОНАТАМУ „КОСИ“

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1892 тестирања, а регистрирани се 489 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-230, Куманово-28, Штип-7, Прилеп-21, Тетово-18, Струга-15, Велес-11, Битола-13, Охрид-26, Кавадарци-18, Гостивар-16, Гевгелија-14, Струмица-18, Крива Паланка-6, Радовиш-6, Крушево-4, Кочани-8, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-4,  Валандово-5, Виница-3, Делчево-1, Кратово-2, Свети Николе-2, Кичево-2, Ресен-4, Неготино-3. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 748 оздравени пациенти од: Скопје-349, Куманово-29, Штип-12, Прилеп-57,  Тетово-27,  Струга-22, Велес-28, Битола-36, Охрид-40, Кавадарци-22, Гостивар-19, Гевгелија-9, Струмица-11, Крива Паланка-7, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-4, Берово-7, Валандово-2, Виница-3, Делчево-11, Свети Николе-10, Кичево-10, Ресен-6 и Неготино-11.

Починати се 26 лица, девет пациенти од Скопје (69, 58, 71, 60, 49, 74, 44, 66 и 89г), двајца од Куманово (60 и 46г), еден од Штип (61г), тројца од Прилеп (72, 88 и 63г), еден од Струга (69г), двајца од Велес (61 и 72г), двајца од Битола (52 и 75г), еден пациент од Охрид (84г), еден од Гостивар (54г), еден од Струмица (71г), еден од Берово (79г), еден од Делчево (66г) и еден пациент од Кичево (51г). Пациентите се починати во болнички услови.

ПРЕМИЕРОТ ВЕЛИ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ТРКАМЕ СО ВАКЦИНАЦИЈАТА

Премиерот Зоран Заев вечерва во Само интервју на Канал 5 изјави дека не треба да се тркаме кој прв ќе почне со вакцинација против коронавирусот. 

Вели дека март ќе биде месец на вакцинација, и дека треба да се вакцинираат здравствени работници, хронично болни, вработените во градинките кои работат со децата. За Србија рече дека имале свои контакти и си обезбедиле вакцини. Но, Заев кажа дека дел од земјите се понудиле и дека тие прифатиле да добијат вакцини. За фактот дека прифатија Бугарија да ни донира вакцини, вели дека сакале да покажат пријателски гест. 

„Имаме пари, но ова не беше за пари, ова беше донација“, кажа Заев. 

НИКОЛОВСКИ ВЕЛИ БИТКАТА СО ВИРУСОТ НЕ Е ЛЕСНА

Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, кој е позитивен на коронавирусот и е во домашна изолација, вели дека борбата со оваа болест не е воопшто лесна и не е за занемарување.

Тој му се заблагодари и на својот тим кој, како што рече, напорно работи на зацртаните активности и постојано го информираат за секој нивни преземен чекор.

„Благодарам на сите за испратените желби за побрзо закрепнување. Болеста не е воопшто за занемарување и битката што се води не е нималку лесна, се надевам дека ова секому му е јасно.

Благодарам и на мојот тим кој напорно работи на сите активности и зацртани цели, информирајќи ме константно за секој превземен чекор.

ПОЛИЦИЈАТА УПАДНА НА ЖУРКА 

Полицијата објави фотографии од журка во стан во центарот на Скопје каде упаднала вчера по претходна наредба од Основен кривичен суд. На забавата во тој момент односно во 21.30 часот присуствувале 13 лица, а полицајците успеале да најдат и да запленат и кокаин, амфетамин. 

Станот е во сопственост на правно лице.

KРИВИЧНА ЗА НИНА АНГЕЛОВСКА

Левица денеска до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против eкс министерката за финансии, Нина Ангеловска за Еуростандард банка, бидејќи додека била на функција, злоупотребувајќи инсајдерски сензитивни информации го повлекла својот депозит од 250.000 евра. 

Тоа се случи непосредно пред банката да пропадне, со што ја искористила службената положба за остварување лична корист и се поставила во привилегирана и фаворизирачка позиција во однос на останатите доверители.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

И покрај мерката за помош на компаниите за исплата на плати на своите вработени, сепак, во октомври и во ноември имало отпуштања од работа, покжуваат податоците на Агенцијата за вработување.

Од Бугарија пристигнува поевтин природен гас дури и до 40 отсто за големите потрошувачи во Македонија, но не како резултат на одлука, туку поради отворањето на соседот на пазараните прилики како транзитна земја со која сме единствено поврзани.

Многу надежи за подобра година, многу посакувања, како никогаш досега очекувања да е подобра од претходната. Во 2021 година влегуваме сите со заедничка желба - овој здравствен предизвик да заврши.

Во земјава има 101 централа што произведува струја од сонце и ја продава по повластена цена. Затоа што сонцето е обновлив извор на енергија и не загадува. Податоците покажуваат дека струјата од сонце освен што е добра за животната средина воедно е и повеќе од добар бизнис

Бранко Азески е претседател на Стопанската комора на Македонија. Таа следната година ќе слави 99 години од постоењето – значајна бројка. Самиот очекува 2021 година да е комплицирана, испреплетена со здравствена и со економска криза, која е необична, па затоа, вели ќе бидат необични и предвидувањата.

Ретко кој политичар успеал во период од нецела година да ги искуси сите  спротивставени крајности на судот на граѓаните. Периодите во кои министерот за здравство, Венко Филипче беше доживуван како единствена успешна приказна во здравствениот колапс, наизменично се менуваа со нови, во кои улогите набрзина се менуваа, а главниот негативен лик беше резервиран за него.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“