19 Мај, 2024
0.0361

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Фајзер има нов услов, во понеделник ќе се разговара за нови рестрикции

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 19 Март, 2021

Добивај вести на Viber

ФАЈЗЕР ИМА НОВ УСЛОВ ЗА ВАКЦИНИТЕ

Дополнително барање во однос на договорот со Фајзер стигнало пред три дена од компанијата, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. Рече дека процедурата се одложила токму поради вакви услови од оваа компанија, а последниот е за одговорноста од евентуални несакани ефекти од вакцината.

„На 30 декември имавме комуникација, кога ни потврдија дека ги исполнуваме условите за да потпишеме договор и оттогаш траат тие разговори. Имаат специфични барања за усогласување на условите за да се внесе вакцината тука, сега имаат и дополнителни барања. Ние го потпишавме договор и го вративме. Сега има некое дополнително барање од пред три дена, за одговорноста при евентуални несакани ефекти, има некои специфични барања и чекаме повратна информација“, рече Филипче.

ЌЕ СЕ РАЗГОВАРА ЗА НОВИ РЕСТРИКЦИИ

Зголемување на времетраење на полициски час и скратување на работното време на угостителските објекти е следниот чекор на заострување на мерките за заштита од Ковид19, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Сепак тој додаде дека очекува полицискиот час кој сега е на сила да даде резултат, а ако треба нова проценка ќе се прави на почетокот на следната недела.

„Денеска имаме под 1.000 заболени и ние очекуваме растот на новозаболени да забавува. Спремни сме да препорачаме дополнителни рестрикции, но во во консултација сме со докторите и цениме дека засега нема потреба дополнителни рестрикции, рече Филипче. 

Додаде дека во последниот период имаше забрзано полнење на интерните клиники. Се обезбедува дополнителен простор за лекување. Отворен е дел на пластична хирургија и едно одделение на приземје кои практично се на располагање. Филипче рече дека ќе се обезбедат дополнително 100 кревети.

ДЕНЕС ИМА НОВИ 999 ЗАРАЗЕНИ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.566 тестирања, а регистрирани се 999 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 465, Прилеп – 53, Куманово – 52,Велес – 48, Кавадарци – 43, Гостивар – 38, Неготино – 37, Тетово – 36, Битола – 35, Охрид – 33, Штип – 30, Гевгелија – 23, Кочани – 16, Крива Паланка – 10, Кичево – 9, Валандово – 8, Струмица и Радовиш – по 7, Берово, Богданци и Демир Капија – 6, Ресен, Дебар, Пробиштип и Виница – по 4, Струга, Крушево и Демир Хисар – по 3, Свети Николе, Делчево и Македонски Брод – по 2.

ВЛАДАТА ПРОВЕРУВА ДАЛИ ОСМАНИ ЛОБИРАЛ ЗА КОСОВО

Кој е ставот на Владата на изјавата на вицепремиерот Артан Груби дека министерот за надворешни работи Бујар Османи во Шпанија лобира и за признавање на Косово и дали е тоа државна надворешна политика на Владата или лична изјава на Османи и кој е ставот на Владата за изјавата на Груби дека Косово е високо на приоритетите на Македонија, владиниот портпарол Душко Арсповски рече дека навистина за ова Владата во моментов нема коментар.

„Ги проверуваме сите овие наводи за кои зборувате и ќе се изјасниме за ова откако ќе имаме увид во тоа“, рече Душко Арсовски. 

ДИЈСПОРАТА СЕ АКТИВИРА ЗА САМОПОПИШУВАЊЕ

Јасмина Ѓоргиева, портпарол на Државниот завод за статистика, вели дека се чувствува дека во последниве денови како да стивнува тивкиот бојкот на нашинците од дијаспората во однос на самопопишувањето. 

„Во однос на тивниот бојкот на нашинците од дијаспората на пописот, да, точно е дека се почувствува во сите јавувања на нашинците од надвор, дека постои такво нешто, но е еве веќе во последниве денови е сменет наративот, и оние кои во првите денови апелираа луѓето од надвор да не се попишуваат, сега веќе повикуваат буквално сите кои ги исполнуваат условите за самопопишување да го сторат тоа, бидејќи се смета дека тоа е еден патриотски чин и навистина е долг кон својата татковина“, рече Георгиева. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Дел од вакцините на АстраЗенека треба да стигнат во земјава до крајот на месецов и нив ќе ги добиеме преку Ковакс системот, а дел од нив до 15 април. И кинеските вакцини се очекува да стигнат до крајот на месецов. За другите вакцини, пак, се уште нема прецизна информација кога со нив ќе се наполнат фрижидерите во пунктовите за вакцинација.

Во корона криза некој одлучи да инвестира во здравствена установа, прочуена по својата лековита термална вода. Станува збор за превземање на бањата „Цар Самуил“ од струмичко Банско при што се купени 75,5 отсто од акциите со право на глас за 3,73 милиони евра. 

Извршител на доверителиот Петар Наумовски, поранешен кошаркар а сега бизнисмен, изминатата недела наплатил безмалку 400.000 евра од Владата за „Агрокомбинат Македонија“, од каде мнозински удел со приватизација му беше доделен во негова сопственост пред 20-тина години. 

Иако политичарите тврдат дека пред Уставот и законите сите граѓани се еднакви, сепак во пракса има примери кои покажуваат дека тоа не е така.

Еуростандард банка во стечај ги продава акците во Македонска берза за кои Загребската доби дозвола да ги купи, но кој ја договарал продажбата и со чие посредство, засега нема точни информации. Ова не го соопштуваат ниту од Загребската берза каде се обрати Фактор, ниту од Македонска берза. 

Можеби ќе ве интересира

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места