15 Мај, 2024
0.0516

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Датум за избори уште нема, а мерките полека ќе олабавуваат

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 12 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

НА ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА НЕ Е ДОГОВОРЕН ДАТУМ ЗА ИЗБОРИ

По завршување на лидерската средба кај претседателот на државата, Стево Пендаровски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека најважно е здравјето на граѓаните. 

Вели дека е незрело да се размислува поинаку. 

„Предложивме план да дојдеме до кредибилен изборен процес, а при тоа граѓаните да не бидат загрозени и да не бидат изложени на Ковид 19. Предложивме план во неколку чекори“, вели тој. 

Вели дека треба да има фер избори, да има консултации со ДИК и со Комисијата за заразни болести. 

Да има контакт со ОБСЕ и ОДИХР, и откако ова ќе се случи да се зборува за датум на изборите. 

Мицкоски рече дека овој план е прифатен од повеќето и идната недела се надева дека ќе има детали. 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев по лидерската средба изјави дека се исцрпени сите можности за да се свика Собранието. 

Вели дека барем еден важен ден денеска е заокружен. 

Ги разгледале опциите кога ќе имаме избори ако се прогласи или не се прогласи повторно вонредна состојба. 

Заев рече дека нема поважна работа од здравјето на граѓаните. 

„Сите се согласивме дека ќе мора да живееме со коронавирусот, затоа што ниту во светот, ниту во Европа, ниту во Северна Македонија никој не може да каже кога ќе заврши коронавирусот“, вели Заев. 

Лидерот на СДСМ рече дека барале барем да се утврди потенцијален датум за избори.

ОЛЕСНУВАЊЕТО НА МЕРКИТЕ ЌЕ ОДИ ВО ФАЗИ

Премиерот Оливер Спасовски попладнево на прес - конференција изјави дека донеле пакет мерки, со што се намалуваат рестрикциите. 

„Сметаме дека ситуацијата е под контрола, не дозволивме ширење на коронавирусот кој посериозно би го загрозил здравјето на граѓаните“, вели тој. 

Спасовски изјави дека меѓу секоја фаза ќе има преглед и проценка на ситуацијата, по што ќе се знае дали ќе има олабавување на мерките.

Олабавувањето ќе оди во три фази, така што ќе работат стопанските дејност, и постепено ќе се намалува забраната за движење. 

Работата ќе тече по протоколи и мерки, и третата фаза значи потполно враќање во работниот процес. 

Во првата недела, од утре ќе има посебни протоколи за дејности со помал ризик. Ќе работат авто-школите, ќе може да се организираат семинари. 

Настаните ќе се организираат со ограничен број учесници, за да има физичко растојание од 1.5 до 2 метри, а ќе мора и да се носат маски. Средствата за дезинфекција ќе бидат задолжителни. 

ПОЧНА ИСПЛАТАТА НА МОЈДДВ

Почна исплатата од МојДДВ за првото тримесечје од 2020 година.

Исплатата за јануари, февруари и март 2020, во согласност со Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица е веќе почната.

Во ова прво тримесечје од годината скенирани се  49.946.278 фискални сметки, направен е промет во износ 21.957.355.689 денари со вкупен ДДВ од 2.292.026.352 денари, велат од Управата за јавни приходи. 

Вкупниот број регистрирани корисници до 31 март 2020 година на апликацијата МојДДВ е 279.498.

Повратот за ова тримесечје изнесува 343.803.953 денари, односно 5.590.000 ЕУР. За донирање на својот поврат за овој квартал се изјасниле 8 700 граѓани. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Поради пандемијата на Ковид 19, ова лето неизвесно е на кој начин ќе се организираат летните одмори и патувања во странство, затоа што некои земји веќе најавија дека ќе примаат гости само со направен корона тест или со задолжителен здравствен пасош.

Во македонските туристички центри мислењата се поделени.

Владата пред три недели донесе Уредба со која за време на вонредната состојба се дозволува организирањето на игри на среќа преку интернет, што ќе важи за казината, автомат клубовите и обложувалниците.

Новиот данок и корона кризата силно удрија врз пазарот на половни возила во земјава. Ако минатата година месечно во просек се увезувале по 3.215 употребувани автомобили, од почетокот на годинава бројките се драматично пониски. 

Големи промени во рангирањето на компаниите регистрирани за изградба на станбени и нестанбени згради. 

Трите нафтени компании кои имаат најголемо учество на пазарот на нафтени деривати утре во Регулаторната комисија за енергетика ќе ги презентираат тврдењата за штетите кои ги имаат од новиот правилник за густините на дериватите.

Можеби ќе ве интересира

„И НЕКОЈ ДИБЕК ЌЕ ТЕ ПРАША, БРАТ КАКО СЕ НОСИТЕ СО ПОРАЗОВ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ“? Апасиев за изборниот резултат

„И НЕКОЈ ДИБЕК ЌЕ ТЕ ПРАША, БРАТ КАКО СЕ НОСИТЕ СО ПОРАЗОВ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ“? Апасиев за изборниот резултат

Тинејџер пронајден мртов во бања во Тетово

Тинејџер пронајден мртов во бања во Тетово

БЕЌАРОВСКИ НА ДЕМИРИ: „Се надевам дека објавата е без ваше знаење и одобрение, јавно оградете се од оваа несреќна објава и да ми се извините за нанесената повреда на мојата чест и углед“

БЕЌАРОВСКИ НА ДЕМИРИ: „Се надевам дека објавата е без ваше знаење и одобрение, јавно оградете се од оваа несреќна објава и да ми се извините за нанесената повреда на мојата чест и углед“

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

ЕВЕ ЗОШТО Е РАЗРЕШЕН МЕДИЦИНСКИОТ ДИРЕКТОР НА ТОКСИКОЛОГИЈА, МЗ ОБЈАВИ ПИСМО ОД ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОИ СЕ СПОМЕНУВА И Д-Р БЕЌАРОВСКИ: Беќаровски најави тужби

ЕВЕ ЗОШТО Е РАЗРЕШЕН МЕДИЦИНСКИОТ ДИРЕКТОР НА ТОКСИКОЛОГИЈА, МЗ ОБЈАВИ ПИСМО ОД ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОИ СЕ СПОМЕНУВА И Д-Р БЕЌАРОВСКИ: Беќаровски најави тужби

УЧИТЕ ГЕРМАНСКИ ЗА ДА СЕ ИСЕЛИТЕ: Колку време ви треба да стигнете до Б1 нивото?

УЧИТЕ ГЕРМАНСКИ ЗА ДА СЕ ИСЕЛИТЕ: Колку време ви треба да стигнете до Б1 нивото?

ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ОТКРИ КАКВИ СЕ ПЛАНОВИТЕ СО ГРУЕВСКИ СЕГА КОГА ВМРО-ДПМНЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ: „Тој сега си има работа со Република Македонија“

ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ОТКРИ КАКВИ СЕ ПЛАНОВИТЕ СО ГРУЕВСКИ СЕГА КОГА ВМРО-ДПМНЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ: „Тој сега си има работа со Република Македонија“

ЕВЕ СО КОЛКУ ИМОТ РАСПОЛАГА НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА СПОРЕД ПОСЛЕДНИОТ АНКЕТЕН ЛИСТ: Имот на нејзино име нема, но има неколку штедни книшки со пари

ЕВЕ СО КОЛКУ ИМОТ РАСПОЛАГА НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА СПОРЕД ПОСЛЕДНИОТ АНКЕТЕН ЛИСТ: Имот на нејзино име нема, но има неколку штедни книшки со пари

ДОАЃА И ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА И НЕВРЕМЕ: Еве што нѐ чека од петок

ДОАЃА И ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА И НЕВРЕМЕ: Еве што нѐ чека од петок