19 Мај, 2024
0.0373

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бројката на заразени надмина 1.200, засега нема нови рестриктивни мерки

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 17 Март, 2021

Добивај вести на Viber

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 4.094 тестирања, а регистрирани се 1.293 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 626, Прилеп - 88, Велес – 60, Гостивар, Кавадарци и Битола – по 48, Тетово – 46, Штип – 41, Неготино – 36, Охрид – 34, Струмица – 33, Куманово – 28, Кочани – 23, Радовиш – 18, Гевгелија – 17, Пробиштип - 12, Валандово и Демир Капија – по 11, Кичево – 10, Делчево – 9, Струга, Крива Паланка и Берово – по 8, Крушево – 6, Ресен – 5, Богданци – 4, Свети Николе – 3, Дебар, Виница, Пехчево и Дојран – по 1.

Регистрирани се 339 оздравени пациенти од:

Скопје – 220, Прилеп – 25, Гевгелија – 14, Тетово и Велес – по 9, Куманово – 8, Гостивар – 7, Струмица - 6, Крива Паланка и Богданци – по 5, Штип и Битола – по 4, Кичево, Берово и Демир Хисар – по 3, Кавадарци, Кочани, Пробиштип и Виница – по 2, Охрид, Неготино, Свети Николе, Ресен, Радовиш и Кратово - по 1 лице.

Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 49 – 90 години и тоа: 14 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2 и по едно починато лице се регистрира од Куманово, Битола, Кочани, Неготино, Радовиш, Берово, Богданци и Пехчево. Дваесет и три пациенти се починати во болнички услови, додека едно лице е починато во домашни услови.

ЗАСЕГА НЕМА НОВИ МЕРКИ

Се наоѓаме во екот на третиот бран, бројот на заболени се золемува, но засега нема потреба од заострување на мерките, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. На пресконференцијата соопти дека во моментов има 11.889 активни случаи што е зголемување од 5.000 случаи во последниот месец. 

„Утрово имавме координација на која се зборуваше за последните бројки, правевме анализи. Во оние градови каде имаше зголемување како што се Валандово, Крушево и Прилеп, сега иманамалување, но секако бројот таму е голем, а сега има зголемување на случаите во Скопје, Гостивар и Велес. Ве информирам дека оваа сегашна мерка треба да остане иста и нема да се надополнува. Следната недела ќе се види дали ќе треба нови мерки. За евентуално дополнителни рестрикции ако има потреба, ќе разговараме на состанокот во понеделник, рече Филипче. 

РАЗРЕШЕН ДИРЕКТОРОТ МУХАМЕД АСАНИ

Донесена е одлука да се разреши директорот на струшката болница, Мухамед Асани, а нов ќе се назначи денеска или во текот на утрешниот ден.

Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, по случајот со извадените органи на родилката Јилдиз Веапоска. 

Со оглед на неколку интервенции и барања, од семејството и од неколку институции, Хелсиншки комитет, министерот за здравство Венко Филипче донел одлука да се формира уште една комисија за случајот, која ќе ја водат директорите на Карил, директорката на Здаравствен инспекторат, како и други истакнати лекари.

РАШКОВСКИ ОДМОРА ВО МЕКСИКО

Цените на хотелите во Мексико никогаш не биле пониски, тврди за ТВ24 секретарот во премиерскиот кабинет Драги Рашковски.

Вели дека отишол таму на одмор со семејството бидејќи е многу евтино. Тајмингот за одмор му бил случајно избран, месеци претходно.

„Одморот ми е планиран пред неколку месеци. Така што, искрено не можам да знам однапред што ќе се случува на политичката сцена неколку месеци подоцна. А во однос на тоа зошто Мексико: затоа што цените на хотелите не биле никогаш пониски. Проверете на „Букинг“. За 14 дена имате хотели со 4 ѕвезди за 350 евра“, изјави Рашковски.

Вчера новинари го прашаа Заев дали Рашковски е во земјава, по што тој рече дека ќе провери и ќе соопши. 

И вицепремиерот Љупчо Николовски бил на одмор, но од неговиот кабинет не дадоа детали каде одморал.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Тима Кочан, ќерката на поранешниот сопственик на „Трансмет“ Сеад Кочан, основа компанија со приоритетна дејност - изградба на патишта и автопати. Новооснованото претпријатие се вика Аваз Холдинг, друштво за градежништво, транспорт, производство и трговија.

Вакцините во земјава ќе пристигнат во следните недели. Кога точно и кои вакцини, јавноста ќе биде навреме информирана. Ова е одговорот што Фактор го доби од Министерството за здравство на нашето прашање кога точно се очекува да стигнат првите вакцини во земјава, а кои ќе бидат наменети за обичните граѓани, а не за здравствените работници, и кога конечно може да се очекува да почне масовната имунизација на населението во државава.

„Витаминка“ се зацврсти на домашниот пазар како баран бренд производител на храна и кондиторски производи. Продажбата дома, во исклучително силна конкуренција на домашни и странски производители во корона услови, достигна 25,85 милиони евра и тоа е најдобрата вест од финанските показатели за лани.

Прв човек е на Капитал банка, која е во рангот на малите банки во земјава. Во годината која помина, а која ќе остане забележана во историјата по пандемијата на Ковид-19 и сериозните последици кои овој здравствен предизвик ги имаше и на економијата па и на финансискиот сектор, Капитал банка оствари добивка од 15 милиони денари.

До крајот на овој месец или почеток на следниот се очекува да профункционира Ковакс системот, од каде земјава очекува околу 100.000 вакцини.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“