17 Јуни, 2024
0.0270

„Фактор“ анализа: Кои акции ќе ви донесат Ројал-флеш во 2023 година?

Објавено во: Економија 27 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Ројал – флеш е најјака и најдобитна комбинација во покерот, која народски популарно е позната како „бетон“. Составена од пет карти (ас, крал, дама, џандар и десетка) во ист знак –комбинација која секогаш победува. Кои се петте најдобри акции што го сочинуваат Ројал-флешот на Македонската берза?

Претстојната 2023 ќе биде година на големи предизвици особено на економски план. Галопирачка инфлација зовриена од цените на нафтените деривати и струјата, голема неизвесност на глобалниот пазар на камати и валути, војна на 2.000 километри од нас која беснее речиси па цела година. Високи ризици по безбедноста на северот на соседно Косово каде политичката ситуација изгледа како разговор на глуви.

На југ бетер позамрсена политичка состојба меѓу нашиот јужен сосед Грција и неговиот вечен ривал големата Турција. Темата меѓу нив е „евергрин“ и се однесува на мноштвото острови расфрлани по турското крајбрежје на кои Грција полага право на сопственост и управа... А бензин на оганот дотураат трасите на рутите за транзит со природен гас кои ги сечат овие две соседни земји.

На домашната сцена бројни економски проблеми, неликвидност на компаниите, висок јавен долг, прашања за нивото на солвентност на нашата држава спрема домашните и меѓународни кредитори. И сите тие проблеми се во втор план кога ќе се споредат со топ-темата – корупција во државните органи и јавно декларираната недоверба во судството и во главниот орган на прогонот – јавното обвинителство.

За етничките тензии тука нема да пишуваме затоа што тие се постојано тука и се во функција на катализатори кои како бренери на дизел машина се вклучуваат по потреба... ако треба да се подигне „работната температурата на машината“....

Но не може се да биде баш толку лошо нели?

Зависи од перспективата од која се гледаат работите. Секако дека горенаведените фактори генерално ќе влијаат врз расположението на инвеститорите без разлика дали се домашни или надворешни. Резервираноста и претпазливоста во годината што следи се очекува да бидат особено изразени во првиот квартал, а значајно присутни во првата половина од годината.

Токму таа бесперспективност на економски план ќе ги сврти очите на инвеститорите на најдобрите акции достапни на Македонската берза.

Кои од акциите достапни на берза го сочинуваат Ројал-флешот?

Најлути и вечни ривали за пиедесталот се акциите на Алкалоид и на Комерцијална банка. Без нив не може да се замисли ниту едно инвеститорско портфолио. И двете акции имаат супер резултати, редовно делат дивиденда и имаат највисока ликвидност на берзата односно се најтргуваните акции. Исто така секоја година овие компании книжат растови на приходите и на добивките. Единствена предност на Комерцијална банка пред Алкалоид е соодносот дивиденда/пазарна цена. Тоа значи дека при иста количина вложени пари таа акција носи поголем принос. Но и Алкалоид има своја предност. Тоа е извозот на фармацевтски продукти кој континуирано расте. И уште една предност на овие две акции пред другите најдобри хартии од вредност. Тоа е нивната уситнета акционерска структура. Тоа го прави високо нивото на фри-флоут што пак дава потенцијал за капитални добивки остварени преку растови на пазарната цена во фазите на окрупување на акционерската структура.

Без овие две акции не може да се замисли берзанскиот Ројал-флеш!

Следен на листата е малопродажниот гигант Макпетрол. Тоа е најголема компанија за продажба на мало во Македонија. Неговиот годишен приход надминува 300 милиони евра во услови на ниски пазарни цени на горивата. „Макпетрол“ има уште една пазарна предност затоа што е голем снабдувач на природен гас, најперспективното гориво. И третата и не помалку важна предност – „Макпетрол“ има над 150 продажни места ширум Македонија. Од корпоративен аспект важен за инвеститорите: „Макпетрол“ редовно дели дивиденда на своите акционери и води особена грижа за своите вработени кои во најголем дел се – акционери. Слично како и претходните две компании и „Макпетрол“ има висок фри-флоут на слободни акции, што за добра компанија како таа значи дека во фазите на окрупнување на сопственоста пазарната вредност на акцијата неминовно ќе оди нагоре. А има и уште една предност – неговиот акционер ОИЛКО е командитно друштво кое не може да биде предмет на непријателско превземање туку е несоборлив бедем во одбраната на акционерската структура. Со други зборови ОИЛКО може да се командува само од внатре.

На четвртото место во берзанскиот Ројал-флеш се две акции на местото на една карта. Тие се две од трите најголеми банки: НЛБ Банка и Стопанска банка Скопје. Нивните добри страни, квалитети и пазарни позиции се елаборирани повеќе пати. Разликата од акцијата на „Комерцијална банка“ е во тоа што и кај двете бројот на слободни акции е остаток затоа што во акционерските структури имаат силно изразени мнозински сопственици. Тоа значи дека нема голем простор за капитални добивки од разлики во пазарни цени, и во најголема мерка приносите треба да базираат на дивиденди. А дивидендите воопшто не се предмет на дискусија ако се погледнат нивоата на капитална адекватност на сите три банки.

И последната карта, пардон акција, во берзанскиот Ројал-флеш е акцијата на Македонијатурист. Бројни се тие што нема да се сложат со изборот и ќе изнесат контра-аргументи кои се за почит. Но еве зошто оваа акција е во изборот на „Фактор“ во ова економски неизвесно и непредвидливо пазарно опкружување. „Македонијатурист“ покажа дека е многу отпорна на негативни економски влијанија. Доволно е да се погледнат билансите за да се види дека со високо ниво на нефункционални сместувачки капацитети и затворени ресторани (како што беше во корона кризата) компанијата може да се носи без проблем. Зошто? Затоа што има тајно оружје. Оваа компанија го има убедливо најдоброто инвестициско портфолио – комбинација од вложувања во обврзници, акции, инвестициски фондови и кеш депозити ( во кои има вложено агрегатна сума од околу 20 милиони евра). Само од камати и дивиденди оваа компанија може да добие доволно средства за да заврши со добивка и да подели пристојна дивиденда. И особено сега кога дивидендните приноси на другите компании нема да бидат како пред кризата. Всушност праксата покажа дека „Македонијатурист“ стои здраво на нозе дури и речиси без да ја работи основната дејност: хотелиерство и угостителство.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НОВ МЕГАПРОЕКТ ВО ХРВАТСКА, НА БРЕГОТ НИКНУВА „ГРАД НА ИДНИНАТА“ - ќе чини од 20 до 30 милиони евра

НОВ МЕГАПРОЕКТ ВО ХРВАТСКА, НА БРЕГОТ НИКНУВА „ГРАД НА ИДНИНАТА“ - ќе чини од 20 до 30 милиони евра

Скандалозно! Заради провизијата на ЕСМ Продажба сите девет школи во Општина Центар ќе плаќаат поскапа струја од касарните на АРМ

Скандалозно! Заради провизијата на ЕСМ Продажба сите девет школи во Општина Центар ќе плаќаат поскапа струја од касарните на АРМ

ГЕРМАНСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА СПОРТСКА ОПРЕМА „АДИДАС“ ИСТРАЖУВА ОПСЕЖНА АФЕРА - еве за што се работи

ГЕРМАНСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА СПОРТСКА ОПРЕМА „АДИДАС“ ИСТРАЖУВА ОПСЕЖНА АФЕРА - еве за што се работи

Во македонската Развојна банка се добива по 1.000 евра плата и никој не сака да си оди

Во македонската Развојна банка се добива по 1.000 евра плата и никој не сака да си оди

КОЈ Е РИЗИКОТ ОД ТРГОВСКА ВОЈНА МЕЃУ КИНА И ЕУ?: Дали таа е возможна и што би се случило доколку ја има?

КОЈ Е РИЗИКОТ ОД ТРГОВСКА ВОЈНА МЕЃУ КИНА И ЕУ?: Дали таа е возможна и што би се случило доколку ја има?

Квадрат на хрватското приморје чини 4.000 евра, во Албанија под 1.000: Ова се цените на недвижностите покрај море на местата каде Србите најмногу купуваат

Квадрат на хрватското приморје чини 4.000 евра, во Албанија под 1.000: Ова се цените на недвижностите покрај море на местата каде Србите најмногу купуваат

Измама од две евра завладеа со социјалните мрежи: Еве како да ја препознаете

Измама од две евра завладеа со социјалните мрежи: Еве како да ја препознаете

ЌЕ ИМ СЕ СЛУЧИ БУМ ИЛИ РАЗОЧАРУВАЊЕ: Еве како фудбалското првенство во Германија ќе влијае на економскиот раст

ЌЕ ИМ СЕ СЛУЧИ БУМ ИЛИ РАЗОЧАРУВАЊЕ: Еве како фудбалското првенство во Германија ќе влијае на економскиот раст

Европа ја губи битката, ѝ требаат радикални промени: Зошто е исплашена шефицата на Европската централна банка?

Европа ја губи битката, ѝ требаат радикални промени: Зошто е исплашена шефицата на Европската централна банка?