26 Април, 2024
0.0254

Евростат: Грците се меѓу најдолговечните граѓани во ЕУ

Објавено во: Стил 06 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Грците се меѓу најдолговечните граѓани во ЕУ, покажуваат податоците на европската служба за статистика - Евростат. Земјата се наоѓа на трето место по најдолг и здрав живот.

Просечниот животен век кај жените во Грција е 66,9 години, додека кај мажите 66,4 години. Грција е меѓу водечките држави во однос на здравјето на своите жители.

Се смета дека жените, кои се родени во 2011 година во Грција, нема да имаат сериозен здравствен проблем до својата 67-годишна возраст. Мажите, пак, родени истата година, ќе живеат во добра здравствена состојба до 66,4 години. Според овој показател, на листата пред Грција се наоѓаат само Малта и Шведска.

Податоците на Евростат покажуваат дека Грците живеат просечно осум години повеќе од Германците.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти