03 Мај, 2024
0.0243

Промоција на прволигашкиот тим, младинските школи и новиот амблем на клубот

Европски промени во Академија Пандев

Објавено во: Мои пари 27 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

На прес конференцијата одржана во хотел Александар Палас, ФК Академија Пандев го промовираше прволигашкиот тим и ги најави сите новитети околу работењето на клубот и Академијата, а посебен акцент беше ставен на младинските школи што се отворени и ќе се отвараат низ сите фудбалски центри низ Македонија.

Од клубот ги претставија и новите дресови и новото лого на клубот. Технички спонзор на екипата ќе биде италијанскиот бренд „Џивова“,  а освен тоа, клубот ќе има и нов брендиран автобус за потребите на екипата. Исто така беше најавен и спортскиот центар кој е планиран да биде комплетно готов до март 2018. година и проектот е со вредност од  4,6 милиони евра.


Академија Пандев успеа да направи експресен успех откако брзо по формирањето на првиот тим успеа да дојде до Првата македонска фудбалска лига.

Клубот од Струмица постои седум години, а пред два месеци како победник во Втората лига успеа да се пласира во елитата. Како што е познато, сопственик на клубот е нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев. Тој на денешната прес-конференција истакна дека е задоволен од досега постигнатото и дека амбициите се клубот да остане во Првата лига преку промовирање на млади талентирани фудбалери, а кога ќе се стекне искуство да се нападне и Европа.

„За нас ова претставува еден голем успех. Фактот што по седумгодишно постоење влеговме во Првата лига е одлично достигнување. Најзаслужни за ова се раководството и стручниот штаб во клубот, кои несебично помагаа на клубот за остварување на проектот. Нашата цел на стартот беше да вложуваме многу во младите категории, да ги испраќаме децата на вистински пат, но еве, по некоја година создадовме прв тим и среќни сме што сме во елитата. Се надеваме дека ќе бидеме еден стабилен прволигаш, кој ќе создава кадар предводен од младите. Академија Пандев ќе биде успешен проект и за нашата репрезентација“, изјави Пандев.




















Покрај Пандев, на конференцијата беа и членовите од управата на клубот, Илија Матеничаров, Југослав Тренчовски и Дарко Костовски кои ги најавија новите проекти на Академијата.  

Следната сезона ќе се формира Горан Пандев Куп и Горан Пандев зимен и летен камп, а младински школи веќе се договорени во Куманово, Илинден, Гази Баба, Тетово и Гостивар.



















Пандев Купот се очекува да почне во 2018 година и ќе брои 144 екипи во девет генерации.

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година