17 Мај, 2024
0.0321

„ЕВН СНАБДУВАЊЕ“: нови пакети во евтина тарифа и струја поевтина и за 40 %!

Објавено во: Економија 02 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Се разигрува пазарот на струја. Во пресрет на 15 ти ноември компаниите со лиценци за снабдување со електрична енергија нудат различни поволности за компаниите. „ЕВН снабдување“, веќе направи анализа според која фирмите кои ќе се определат за оваа компанија можат да добијат драстично пониски цени. „ЕВН Снабдување“ е членка на „ЕВН Групацијата“ која има околу 8000 вработени и 14 милиони корисници во повеќе од 20 земји. Во конкуренција се околу 10 компании од каде може да се купува струја. Малите и средни компании кои на 15. ноември годинава ќе се одлучат да се снабдуваат со електрична енергија на слободен пазар ќе добијат пониска цена и до 40%, најавуваат од ЕВН Снабдување. Анализите на стручните тимови на „ЕВН Снабдување“ покажуваат дека компаниите ќе имаат поконкурентни цени за електрична енергија како резултат на промените во тарифниот модел, што ќе следи со либерализацијата на пазарот на електрична енергија. ЕВН Снабдување ќе им понуди и евтина тарифа на оние компании кои досега на регулираниот пазар немаа можност да ја користат.
„Нашите тимови веќе развија и посебни пакети со евтина тарифа што ќе биде дополнителна поволност за малите компании и директно ќе влијае на подобрување на нивната ефикасност, конкурентност и продуктивност. Како лидер на слободниот пазар на електрична енергија со над 70% пазарен удел, „ЕВН Снабдување“ веќе докажа дека освен експертиза, знаење и искуство, нуди сигурност во снабдувањето и тоа 24/7. ЕВН има формирано и две балансни групи, една на слободниот и една на регулираниот енергетски пазар, што на компаниите им овозможува дополнителна стабилност“, изјави Нико Берберу директор на ЕВН Снабдување.
Согласно правилата што ги објави минатиот месец Регулаторната комисија за енергетика, до 15. ноември годинава малите компании и домаќинствата ќе мора да одлучат дали од 01. јануари следната ќе се снабдуваат на слободен пазар или ќе го задржат досегашниот статус на регулиран потрошувач. Според правилникот на Регулаторната комисија за енергетика, секој потрошувач ќе може да го промени начинот и статусот на снабдување еднаш годишно, за да се обезбеди стабилност на пазарот. Со промените на тарифниот модел процесот на либерализација веќе донесе пониска цена на електричната енергија за бизнисот. Од април годинава сите компании кои имаа приход над 10 милиони евра и над 50 вработени веќе се снабдуваат со електрична енергија на слободен пазар. Од „ЕВН Снабдување“ објаснуваат дека овие компаниите веќе ги почувствуваа бенефитите од либерализираниот пазар. Во понудата на „ЕВН Снабдување“ оваа категорија на потрошувачи веќе добија договори со пониски цени.
Повеќе информации на следниот ЛИНК
Либерализација на пазарот на електрична енергија е предвидена во Атинскиот меморандум, чиј потписник е и Републијка Македонија. Првата фаза од овој процес започна во 2007 година, а предвидено е истиот да заврши заклучно со следната година, кога сите потрошувачи, вклучувајќи ги и домаќинствата, ќе можат да изберат свој снабдувач на електрична енергија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА