17 Мај, 2024
0.0313

ЕВН Македонија повикува на внимателност при земјоделските активности под далноводите

Објавено во: Мои пари 15 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија ги повикува земјоделците на внимателно ракување со земјоделската механизација и опрема во близина на далноводите од дистрибутивната мрежа. Особено внимателни треба да бидат додека ракуваат со опремата за наводнување.

Извршување на земјоделски активности под електричните водови треба да се избегнува односно да се ограничи само на оние кои мора да бидат изведувани и во таков случај задолжително треба да се преземат мерки за безбедност.

Mеталната опрема како што се цевки за наводнување и разни видови на прскалки, во никој случај не смее да дојде во директен допир или да се приближува до проводниците од надземните водови. Не смее да се поставуваaт метални цевки за наводнување паралелно со трасата на надземниот вод и при наводнување, задолжително да се избегнува приближување и контакт на водениот млаз со надземните водови. Особено да се обрне внимание и на силината и правецот на ветерот.

Во близина на електричните водови, цевките за наводнување во никој случај не смеат да се поставуваат вертикално ниту при нивно празнење ниту при транспортот. Транспортот на останатата опрема за наводнување мора да биде исклучиво во хоризонтална положба.

Причина за најголем број од сите фатални несреќи со електрична енергија во земјоделството е допирот со надземните електрични водови. За да се избегнат ваквите несреќи ЕВН Македонија за мерките на претпазливост ги информираше локалните самоуправи, надлежните институции и преку медиумите своите корисници и сите граѓани. Стручните лица од ЕВН Македонија, постојано ќе бидат на располагање, во врска со сите отворени прашања, за безбедно изведување на активности во близина на електрични водови.

Со почит,

ЕВН Македонија

Табела на опасни и безбедни зони при работа во близина на далноводи:

Опасна зона (метри) Безбедна зона на приближување (метри)
до 1 kV допир 0,5
до 20 kV 0,22 1,5
до 110 kV 1,10 2,0

„За да се спречат можните опасности и несреќи од струен удар, при извршување на земјоделски активности во близина на електрични водови, задолжително треба да се почитуваат безбедносните мерки за задржување на сигурносно растојание од електричниот вод“.

Можеби ќе ве интересира

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени