19 Мај, 2024
0.0271

ЕуроНикел: Повеќе од 100 доверители на ФЕНИ се во процес на исплата

Голем чекор напред кон стабилна и просперитетна иднина за ФЕНИ

Објавено во: Мои пари 16 Март, 2018

Добивај вести на Viber

ФЕНИ Индустри заедно со ЕуроНикел влегува во нова фаза каде почнува да се насочува кон перспективна и извесна иднина. ЕуроНикел и нејзината матична компанија, ГСОЛ достигнаа значајна пресвртница со осигурените и необезбедени кредитори на ФЕНИ во стечај. Договорите се потпишани и направени се првите исплати, додека последните преостанати доверители се во процес на поднесување на нивните барања до ЕуроНикел.

Откако ЕуроНикел ги рестартираше производните капацитети и успешно започна со производството во фабриката, сега презема стратешки, долгорочни, инвестициски чекори за стабилноста, растот и развојот на компанијата. Со ова, ЕуроНикел продолжува на патот кон побрз излез на ФЕНИ од стечајот преку организирано реструктуирање.

„Задоволни сме што го потпишавме договорот со банките и другите доверители, со што се потврдува нашата посветеност и сериозни и долгорочни планови како инвеститор во комбинатот. Досега подготвивме повеќе од сто договори со доверителите, а со останатите секојдневно сме во комуникација, со цел да ги забрзаме нивните исплати. Нашиот главен приоритет е комплетирање на побарувањата на кредиторите и излезот на ФЕНИ од стечајниот процес", изјави Герасим Кујунџиев, македонски директор на ЕуроНикел.

Целта на ГСОЛ и ЕуроНикел е да се искористат сите знаења и експертиза, што ги поседуваат како признаен и искусен инвеститор во металната индустрија, како и со финансиските ресурси и оперативниот капацитет, да го потврдат статусот на ФЕНИ како стратешки производител во земјата и како лидер во индустријата на фероникел во Европа и пошироко.

Со посветеност и одлучувачки чекори, ги поддржавме нашите намери да создадеме ветувачка и светла иднина за ФЕНИ Индустри. Секој чекор што ЕуроНикел го презеде досега е во оваа насока. Со депонирање на средства кај банките кредитори, плаќање на доверителите на ФЕНИ, вклучувајќи ги и необезбедените, решавање на проблемот со транспортерите, како и обезбедување плата на вработените и ресурси за отпочнување со производство, ги демонстриравме нашите јасни и недвосмислени намери за ФЕНИ Индустри", рече Маркос Камхис, директор на ГСОЛ, матичната компанија на ЕуроНикел.

Сите овие активности се дел од заедничките напори на ЕуроНикел, заедно со сите вработени и партнери, за градење и развивање добри и заемно продуктивни односи во корист на сите засегнати страни и пошироката заедница.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО