ЕУ се откажа од идејата за ограничен слободен роаминг
Објавено во: Свет 21 Септември, 2016
Европската унија во средата се откажа од 90-дневниот лимит во својата пресвртна политика за слободен мобилен роаминг, ветувајќи проверки за запирање на злоупотребите, откако првичниот план беше пречекан со остри критики.
„Ние нема да поставуваме никакви ограничувања за времетраење или колку денови патниците ќе можат да уживаат без дополнителни роаминг трошоци, но решивме да поставиме некои јасни гаранции за престој“, рече комесарот за вкупниот дигитален пазар Андрус Ансип“, пренесоа светските агенции.
Тој ги соопшти првичните планови за „слободен роаминг“ во почетокот на 2015 година, но при претставувањето на деталите во изминатите месеци кориснички организации беа разбеснети од ограничувањето од 90 дена за слободен роаминг во рамките на една година.