Добивај вести на Viber
Европската унија одобри пакет финансиска помош од 5 милијарди евра за Египет, соопштуваат египетските власти, отакао во Каиро се сретнаа египетскиот претседател Мохамед Мурси и европскиот комесар за надворешна политика, Кетрин Ештон. Европската инвестициона банка ќе обезбеди две милијарди евра за Египет, Европската банка за обнова и развој уште две милијарди долари, додека земјите членки на ЕУ ќе обезбедат една милијарда евра.
Египетскиот претседател рече дека ова е "знак на силна поддршка од ЕУ за напредокот на Египет и неговиот развој."