17 Мај, 2024
0.0302

ЕУ му се умилкува на султанот Ердоган

Објавено во: Свет 09 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Бурни реакции од различни страни следуваа по вчерашното склучување на договорот меѓу ЕУ и Турција за решавање на бегалската криза.

Европскиот парламент остро ја осуди Европската унија, обвинувајќи ја дека и го дала на Турција клучот од Европа, дозволувајќи му на „султанот Ердоган” да може да контролира кој ќе влегува во неа.

"Договорот со Турција ќе ни донесе проблеми. Со договорот, клучот од капиите на Европа им го даваме на Турците, наследниците на Османлиското царство, и можеби треба да кажам, на султан Ердоган. Тој сега ќе одлучува кој влегува во ЕУ", истакнал Верхофстад Манфред Вебер, лидер на Европската народна партија на десниот центар, најголема група во ЕП.

Европската унија вчера се обврза да и даде на Турција се што ќе побара, само под еден услов.

Турција ќе треба да ги земе назад кај себе илјадниците мигранти што влегуваат во Европа, а за возврат ќе добие забрзување на членство во Унијата, безвизен режим и дополнителна финансиска помош.

Освен тоа, за возврат, ЕУ ќе прифати илјадници сириски бегалци и ќе ги носи по безбедни рути, далеку од опасните чамци и од рацете на шверцерите.

На Турција ќе и биде дадено двојно повеќе финансиска помош од претходно ветената од 3 милијарди евра со цел да им се помогне на мигрантите кој остануваат во земјата.

Европа, исто така, ќе ја плати сметката за транспортот на бегалците меѓу ЕУ и Турција.

По договорот, европските либерали, ја критикуваа ЕУ дека и се „поклонила” на еден авторитарен режим и дека договорот личи на „пазар на кој ќе се продадат европските вредности и принципи”.

Други беа поблаги, како социјалистите на пример, кои велат дека договор со Турција мора да има но дека тоа треба да биде соработка а не договор во кој едната страна дава а другата само зема.

Лидерот на социјалистите Џани Питела предупредил дека преговорите за миграцијата "не треба да се мешаат" со преговорите за процесот на влегување на Турција во ЕУ, која е со години во застој.

Речиси сите политички групи во ЕП беа критични од резултатот на понеделничкиот самит а единствената политичка група која го бранеше договорот беа демо-христијаните.

Негативни реакции вчера дојдоа и од УНХЦР кои се загрижени за каков било договор што вклучува неселективно враќање на сите поединци од една земја во друга без доволно нагласени заштитни механизми за бегалците во согласност со меѓународните обврски, реагираат од седиштето на УНХЦР во Женева.

Можеби ќе ве интересира

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји