ЕУ ја одобри најголемата технолошка трансакција
Објавено во: Свет 02 Март, 2016
Eвропската комисија и одобри на американската компанија „Dell“ 67 милијарди долари вредно купување на еден од најголемите светски произведувачи на системи за складирање на податоци, компанијата „EMC“.
Технолошкиот гигант најголемата трансакција во историјата на технолошката индустрија ја објави во октомври лани, со што „Dell“ сака да ја зацврсти позицијата во однос на конкурентите како „Cisco Systems“, „IBM“ и „Hewlett-Packard“ во подрачјето на пресметководства во облак (cloud computing), мобилност и информатичка безбедност.
Во Брисел утврдиле дека новата компанија ќе има дури скромен пазарен дел во сегментот на надворешното складирање на податоци на компанијата, а ќе се соочи и со жестока конкуренција.
„EMC VMware“ има силна позиција во сегментот на вируелизацијата на софтверот, но нема да има можности, ни причини за блокирање на конкуренцијата, напоменуваат во Комисијата. Ројтерс уште на 18 февруари известил дека ЕК веројатно ќе ја одобри трансакцијата.