03 Мај, 2024
0.0288

ЕУ ГО ОДВРЗУВА ЌЕСЕТО: Договорот за името ќе и донесе повеќе пари на Македонија

Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Еврокомесарот Јоханес Хан најави зголемување на буџетот за претпристапната помош (IPA III) на земјите кандидати и потенцијални кандидати на 14,5 милијарди за периодот од 2021 до 2027 година. „Ова воглавно се однесува на Западен Балкан“, кажа Хан.

Хан најави зголемување на претпристапната помош од моменталните 12 милијарди евра на 14,5 милијарди евра за буџетскиот период од 2021-2027 година.

Овие фондови служат како поддршка од ЕУ за земјите кандидати и потенцијални кандидати на патот кон исполнување критериуми за пристапување во Унијата и спроведување на длабоки и сеопфатни реформи. Во моментот Македонија работи на длабински реформи и исполнување на еден од најтешките критериуми за отпочнување на преговори за влез во Сојузот а тоа е решавање на долгогодишниот спор со Грција.

Комесарот за проширување најави и промена во начинот на финансирање кој се поместува од финансирање на специфични земји кон тематско финансирање.

„Тоа ќе ни овозможи да бидеме флексибилни како би создале некој вид на натпревар и ги турнале земјите и кандидатите да се движат побрзо напред. Така ќе ја подобриме нашата ефикасност и квалитет на нашиот ангажман“, порачал Хан.

Оценил дека реформираниот и зголемен буџет ќе и овозможи на ЕУ да ја продолжи работата со земјите кои се ангажирани на патот кон пристапување на Унијата како и дека ќе поддржи стратешки цели за постигнување на стабилност, безбедност и просперитет во близина на границите со ЕУ.

Буџет за надворешни работи на ЕУ порасна на девет проценти

За наредниот буџетски период Европската комисија предложи зголемување на вкупниот буџет за надворешните работи на ЕУ на 123 милијарди евра што е зголемување од 30 проценти во однос на моменталниот буџетски период.

Така делот од буџетот за надворешна политика на ЕУ во вкупниот буџет на Унијата се зголемува од моментални шест на скоро 9 проценти.

„Повеќе ресурси за повеќе акција на доверлив, предвидлив, кооперативен глобален играч - тоа е токму она што нашите граѓани и нашите партнери го очекуваат од ЕУ во овие проблематични времиња. Тоа е признание на додадена вредност на работата на ЕУ на надворешната политика. Заедно можеме да имаме влијание кое ниту една држава членка за себе не може да го има во денешниот свет“, порача шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини.

Во рамки на буџетот за надворешни работи на ЕУ, покрај Фондот за претпристапна помош, се наоѓат и Фонд за рзвој и меѓународна соработка (89,2 милијарди евра), Фонд за хуманитарна помош (11 милијарди евра), Европски фонд за нуклеарна безбедност (300 милиони евра). Инвестициона рамка за надворешна политика, а предложено е и основање на Европски фондови за мир.

Можеби ќе ве интересира

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција