17 Мај, 2024
0.0299

ЕМИЛИЈА ДИМИТРИЕВСКА: Работата во AVON ми е задоволство кое ми носи заработувачка   

Објавено во: Мои пари 17 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Емилија вели дека откако почнала да работи во AVON се сменил нејзиниот живот. Има поголем круг на пријатели, се дружи и комуницира со различни луѓе. Секако тука е и дополнителните средства. Кога станала Претставник во 2005 та година открила дека заработува многу повеќе отколку што првично очекувала Емилија Димитриевска од Крива Паланка е дел од AVON семејството уште од влегувањето на компанија на македонскиот пазар пред 10 години. Работата како Претставник и донела поголем круг на пријатели и дополнителна заработувачка. Мајка е на две ќерки, сопруга и веќе 25 години води свој приватен бизнис. Но ангажманот во AVON го опишува како совршен микс на задоволство и на работа. - Откако почнав да работам во AVON се смени мојот живот. Имам поголем круг на пријатели, се дружам и комуницирам со различни луѓе. Секако тука е и заработувачката. Кога станав Претставник открив дека заработувам многу повеќе отколку што очекував. Само еден пример е дека од парите што ги собирав и тргав на страна си купив одлична справа за вежбање каква што сакав – вели Димитриевска. Дома ги имаме сите производи Емилија и нејзините ќерки од кои постарата има 24, а помалата 19 години, одамна ги употребуваат производите на AVON кои прават да се чувствуваат прекрасно. - Ми се допаѓа тоа што има широк асортиман односно голем избор. Ги користиме шминките, парфемите, накитот ... Всушност користиме речиси сè. Мислам дека нема производ од AVON кој не може да се најде кај нас дома – објаснува таа. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=L-FrtqDUhxI&feature=youtu.be[/embed] Во нејзиниот роден град Крива Паланка луѓето знаат дека е Претставник и често ја прашуваат за тоа што се нуди и кои се новите колекции. - Кога некој ќе ја земе брошурата веќе знам што би можел да порача. Младите ја сакаат декоративната козметика додека постарите и оние на моја возраст се заинтересирани за накитот и ташните кои и на мене ми се слабост – истакнува Емилија. Emilija Dimitrievska 01И двете ќерки се дел од компанијата Но мисијата на AVON не е насочена само кон креирање на квалитетни производи туку и кон тоа да им овозможи на жените шанси за заработувачка. Само независна жена е убава жена е идеологијата која компанијата ја наслови „Убавина со цел“. И Емилија се согласува со приказната која ја промовира компанијата и посочува дека откако станала Претставник се чувствува многу силно. - Не зависам од никого кога станува збор за работа и заработувачка. Јас си го контролирам сопствениот живот. Пораката на AVON ме инспирира да се фокусирам не само на убавите аспекти кои ги нуди компанијата туку навистина да го ценам и да посакам да го споделам охрабрувањето, личната моќ и можностите за раст и партнерство кое им се дава на жените – објаснува Димитриевска. Емилија додава дека работата во компанијата ѝ значи многу и се надева дека ќе продолжи да напредува и понатаму. - На моите 46 години, се чувствувам успешно и задоволно. Имам и две прекрасни ќерки од кои сум создала личности кои го ценат животот. Воедно и двете работат како претставнички на AVON – завршува Димитриевска.

Можеби ќе ве интересира

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак