18 Мај, 2024
0.0265

Експерт од Турција: Преговорите за “Турски поток” не се запрени, едноставно нема напредок

Објавено во: Свет 31 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Преговорите за проектот на гасоводот "Турски поток" не се прекинати, едноставно во нив нема напредок.

Такво мислење пред ТАСС изрази Волкан Оздемир, директор на турскиот Институт за енергетски пазари и енергетска политика.

"Јас не мислам дека овие преговори се целосно прекинати. Но, треба да се признае дека во последно време страните не се напредни во голем број на важни аспекти на проектот. Напротив преговорите ќе продолжат, но нивниот предмет ќе биде изградбата на" Турски поток "само за внатрешни потреби на Турција ", рече експертот, пренесуваат локални турски медиуми.

Според Оздемир турската страна ќе е заинтересирана во добивање на 16 милијарди кубика гас од нова делница од Русија.

"Според мене и Русија, и Турција дозволија голем број грешки во приодите при реализација на "турскиот поток". Руската стана гледаше во Турција само коридор за извоз на гас за Европа. Во соодветниот начин се пресметува и формулата на цената. Турција пак не и ги претстави на Русија конкретните предлози кои би влијаеле за заедничката работа на пренос и продажба на гас во странство", објасни Оздемир. Тој смета дека двете страни "ги испуштиле можностите".

Вчера турската телевизија Haberturk соопшти дека Турција одлучила да престанат преговорите со Русија поради недостаток на напредок. Една од причините за замрзнување на преговорите е недостатокот на договор за новиот попуст за рускиот гас. Страните подготвуваа договор за намалување на откупната цена со 10,25% од 1 јануари 2016 година, но тој никогаш не беше потпишан. Постојат и други прашања за кои недостасува согласност. Haberturk соопшти дека преговорите привремено се спречени и не се знае кога ќе бидат обновени. Во исто време руски експерти на гасниот пазар сметаат дека едвај може да се очекува потпишување на какви и да било документи за "Турски поток", пред да биде формирана новата влада во Анкара.

Претходно извор од руското Министерство за енергетика откри пред ТАСС дека на претседателско ниво беше договорено решение за отскочна штица за реализација на проектот. Затоа во моментов земјите ги координираат документите по првата делница на гасоводот, по која ќе се испорачува гас само за Турција. Додека меѓувладиниот договор за 2-4-та делница, на кои се очекува да бидат транспортиран гас за земјите од Унијата, ќе претставува посебен документ, појасни изворот од руското министерство.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто