11 Мај, 2024
0.0253

Економската интеграција на Балканот се прецизира во Сараево

Објавено во: Балкан 11 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Агендата за регионалната економска интеграција е тема на состанок на претставници на 6 земји од Западен Балкан (ЗБ), меѓу кои и Македонија, како една од последните подоготовки пред самитот на ЗБ планиран за во јули годинава во Трст, соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС).

Средбата на која учествуваат претставници од повеќе министерства и претставници на премиерите на западнобалканските земји е организарана од РСС, од Европската комисија (ЕК) и од ЦЕФТА. Се разгледува консолидиран преглед на клучните регионални економски иницијативи кои се, пред се, насочени кон зголемување на економскиот раст и на конкурентноста на регионот.

„Успешното намалување на цената на роамингот, напредокот во олеснувањето на трговијата и транспортот, умрежувањето во приватниот сектор, работата на изградбата на регионалната туристичка понуда, се некои од броијните области што докажуваат дека заедничките регионални напори носат дополнителна вредност – изјави Горан Свилановиќ, генерален секретар на РСС.

Бернард Брунет од Дирекцијата за соседство и проширување на Европската комисија, изјави дека Брисел исклучително ги поддржува напорите на шесте земји од Западен Балкан за продлабочување на регионалната соработка. „ЕК се надева дека на претстајниот самит во Трст ќе се усвои амбициозен акциски план’, изјави Брунет.

На работилницата присуствуваат високи претставници од министерства задолжени за трговија, инвестиции, труд, образование и ИТ секторите, исто како и претставници од министерствата за надворешни работи, и од кабинетите на премиерите на Албанија, БиХ, Косово, Македонија Србија и Црна Гора.

Регионаниот совет за соработка е меѓувладинот тело на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, каде што полноправна членка е и Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

„Пропушти час на училиште, за да оди на рингишпил“: исповед на братот на тешко повреденото девојче, пред три години го изгубиле таткото

„Пропушти час на училиште, за да оди на рингишпил“: исповед на братот на тешко повреденото девојче, пред три години го изгубиле таткото

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји