30 Април, 2024
0.0312

Едмонд Адеми повеќе нема да биде министер: Се гледаме во нови предизвици

Објавено во: Македонија 20 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Едмонд Адеми, еден од членовите на СДСМ, кој нема повеќе да биде министер во новата Влада што ја договорија неговата партија и ДУИ најави следни предизвици и им се заблагодари на сите досегашни соработници. 

Тој беше министер без ресор, а го водеше Министерството за дијаспора, кое повеќе не е во комбинациите на новата Влада, откако вчера СДСМ и ДУИ ги соопштија своите кандидати за министри. 

Во продолжение статусот на Адеми со кој се одјави од својата функција и даде отчет за, како што вели тој, најважните работи кои ги сработил.

„Нешто повеќе од три години од кога бев избран за министер без ресор задолжен за дијаспора, денес завршува. Како прв министер задолжен за дијаспора секако беше предизвик да се гради нешто ново, да се воспостави инстируционален линк помеѓу државата и нашите сограѓани кои живеат и работат надвор од границите на Република Северна Македонија.

Секако, сам не би можел ништо доколку околу себе немав тим кој иако мал по број, сепак беше тим кој цврсто веруваше во тоа што го работиме.

Затоа сакам да им се заблагодарам на Jana VelkovskaMario MihajlovRexhep Saliu Aleksandra FrckoskaBlerta SaliXhenis SulimaniShpend SadikuVasko Lazarevski и Sofija Ilievska кои беа дел од оваа мисија. Секој од нив поедниечно, но и како екипа оставија белег кај мене лично како човек, но и професионално како министер.

Тие веруваа во мене, јас во нив и заедно чекоревме напред, и брзо, и далеку!

Ја донесовме првата државна стратегија за дијаспора.

Благодарност и до Nikola Salvarinov, директорот на Агенцијата за иселеништво, и до Simona Ristevska, но и другите вработени во Агенцијата кои беа поддршка во оваа мисија. Нивната оперативна поддршка беше значаен дел во реализација на целите што ги поставивме.

Благодарност секако и до мојот пре би рекол пријател Muharem Gjerlek а помалку возач кој секое утро во 8.30 ме чекаше пред зграда. 

Се разбира, покрај дијаспората ја имав и честа да водам и три други важни процеси за државата и тоа како ко-Претседател на ММК со Хрватска , Националната комисија за УНЕСКО и работната група за Преспа.

Секоја област со свои предизивици и цели.

Кога се работи за Република Хрватска после цели 8 години целосен застој и никаква активност на ММК ја обновивме и ја активиравме работата. Хрватска е голем пријател на Македонија и оваа темпо на соработка во областа на заштитта и унапредување на малцинските права треба да продолжи.

УНЕСКО е предизвик сам за себе. Нималку едноставен, но верував дека можеме да ги промениме работите. Донесовме целосно нов план за упавување, колекторскиот систем саниран во критичните точки, комитетот со Албанија формиран, комуникацијата и соработката со УНЕСКО оживеана, и мал милион други работи важни во овој процес. Се разбира има уште да се направи, и се надевам дека новата влада и оној што ќе го води процесот со УНЕСКО ќе продолжи кај што застанавме.
Кога се работи за УНЕСКО, Тука би сакал да се заблагодарам на Hristijan Gjorgievski. Јас по посветен и темелен човек кога се работи за Охрид и Унеско не сум сретнал. Секако благодарност и до Градоначалникот на Охрид.

Преспа— ги отвори вратите на иднината! Иако кратко беше времето, сепак успеавме две клучни работи да ги започнеме. Прво, Музејот на македонскиот јазик во Љубојно кој го промовиравме на втората годишнина од Преспанскиот договор, и Преспа Форум за дијалог — како бренд по кој Република Северна Македонија ќе биде препознаена.

Благодарност за сите здруженија и индивидуалци од дијаспората што сум ги сретнал, за тоа што ми овозможија да соживеам со нивинте предизвици. Можеби не секогаш се сложувавме за се, но сепак имавме дијалог.

За крај, животот ме научил дека во секоја работа важно е да оставиш траг. Белег. Белег со дела кои ги промениле работите на подобро. Белег кој ќе живее и после тебе. Се надевам дека барем во овие три години успеав во тоа.

Се гледаме во нови предизвици!“, напиша Адеми на Фејсбук.


Можеби ќе ве интересира

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел