Џес Бејли по две и пол години откако си замина: Се сретна со Пендаровски во Њујорк
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2021
Поранешниот амбасадор на САД, Џес Бејли, во Њујорк оствари средба со македонскиот претседател Стево Пендаровски. Искусниот дипломат за прв пат формално се сретнува со македонски политичар по две и пол години откако си замина од Македонија.
„Во Њујорк се сретнав со поранешниот американски амбасадор во нашата држава, Џес Бејли. Разговаравме за актуелните состојби во Северна Македонија и за случувањата во поширокиот регион“, напиша Пендаровски на Фејсбук.
Шефот на државата, кој во Њујорк престојува на Генералното собрание на ОН, му се заблагодарил на Бејли за континуираната поддршка што ја добива Македонија од САД.
Бејли одигра клучна улога како амбасадор на САД во надминувањето на политичката криза во Македонија пред и по парламентарните избори во 2016, а си замина во март 2019.