ДВЕ ЗОЉИ, ТРИ ГРАНАТИ... - во близина на косовската граница пронајдено големо количество оружје од 2001 година

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2021
Полицијата нашла големо количество оружје на косовската граница, кое датира уше од вооружениот конфликт во земјава од 2001 година.
„На 24.01.2021 по претходно добиени информации дека во атар на с.Блаце, во близина на границата со Косово има закопано разновидно оружје и муниција кои потекнуваат од 2001 година, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Скопје пронашле две зољи, еден РПГ7, три гранати за РПГ7, нишанска справа, две барутни полнења за РПГ7, девет парчиња муниција 7,62x54 R и два реденика кои биле закопани во земја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Најавен е полициски час, денеска има нови 316 заразени со коронавирусот

Меџити се повлекува, повеќе не е координатор на пратеничката група на ДУИ

Повеќе од 95.000 граѓани досега се избориле со коронавирусот

Во телефонот на велешанец осомничен за „Јавна соба“ е најдена детска порнографија

Во Македонија регистрирани нови 316 заразени со коронавирусот

Македонците и понатаму нема да можат да патуваат во Грција

Власта смисли функција за главниот на ДУИ во Битола

ДВЕ НЕДЕЛИ ПОЛИЦИСКИ ЧАС: Филипче образложи зошто ќе има забрана за движење од 22 до 05 часот
Мијалков со Коневски и семејството на судење за „Тортура“
