Двa земјотреси ја стресоа Македонија
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2021
Земјотреси утрово ја стресоа Македонија.
Првиот земјотрес е регистриран во 08 часот и 14 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.6, а вториот кратко по првиот во 08 часот и 21 минута со локална Рихтерова магнитуда ML2.9, а потекнуваат од епицентралното подрачје Кичево.
Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес регистрира два земјотреса чии епицентри се наоѓаат 65 километри југозападно од Скопје.
Земјотресите се почувствувани од населението во југозападните делови со јачина од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Во ноември имаше земјотреси во околината на Кичево. Тогаш се стресоа и други градови во овој дел од земјата.