19 Мај, 2024
0.0266

Државата да им помогне со субвенции, бараат туристичките работници

Објавено во: Економија, Корона Вирус 29 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Туристичките работници на протест побараа субвенции од 3.000-25.000 евра. 

Бараат и поволни кредити, кои ќе помогнат да го преживеат овој период без никаков промет, како и продолжување на грејс периодот за враќање на земените средства од шест месеци на една година, побараа туристичките работнии, кои попладнето се собраа на протест пред Владата.

Со државната помош, која ќе биде наменеа само за туристичките работници, да бидат опфатени и водичите и туристичките пратители, кои како што рекоа на протестот ја претставуваат државата.

Аргументите за овие барање се во целосното нефункционирање на овој сектор цели пет месеци.

Бараат да им се продолжи субвенционирањето на платите и придонесите до крајот на годината. 

„Со оглед на повеќе месечно неработење на компаниите од туризмот (туристички агенции, хотели, превозници) и немањето на никаков финансиски приход, но и најавата за продолжување на неизвесноста од реализација на предвидените аранжмани, патувања и слично, во наредниот период до крајот на 2020 година мерката субвенционирање е повеќе од потребна. Сметаме дека треба да важи до декември 2020 година и да ја добијат сите од туристичкиот сектор без разлика дали се новоформирани или комопании кои постојат повеќе години. Со тоа би им се помогнало и на новоформираните агенции и хотели (помалку од 6 месеци работа) кои вложиле се што имале, а им била спречена можноста да отпочнат со работа. Во тој случај би биле приморани да ги отпуштат вработените а и да го изгубат самиот бизнис. Ослободување од плаќање на ДДВ и аконтативен данок на добивка до крајот на 2020 година“, објаснува Биљана Пејоска Ристеска, извршен Директор на СКТМ. 

Туристичките работници забележаа дека со пакетите на мерки државна помош се ставени во ист кош со останатите, дека не се одделени од останатите и нагласија дека некој што загубил 30 отсто од профитот е исто третиран како и тие со сто отсто загуба.

Можеби ќе ве интересира

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија