26 Април, 2024
0.0278

Досие „Роуд Шоу 2012“: Странските инвестиции најниски во последниве 7 години!

Објавено во: Финансии 01 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Со прилив на странски инвестиции од 44,7 милиони евра во декември, 2012 та година заврши со вкупно салдо на директни инвестиции од  104,8 милиони евра. Иако декември малку го подобрува впечатокот, станува јасно дека тоа е премалку за да се каже дека излегуваме од лошиот инвестициски тренд. Трендот на движење на инвестициите укажува на тоа дека лани, во четири месеци е регистриран одлив на странски капитал, при што само во април имало одлив од 40 милиони евра, а во септември речиси 34 милиони евра. Според најновите податоци што ги објави Народната банка, вредноста на вкупните странски инвестиции во 2012-та е на најниско ниво во последните осум години. Пониско салдо од ланското е измерено во 2005 та година кога странските инвестиции изнесувале 77,2 милиони евра. Вредноста на инвестициите во 2012 та година е пониска и од салдото во кризните 2009 та и 2010 та година. Одливот на странски капитал од Народната Банка го објаснија како последица на кризата во која странските компании во земјава се задолжувале кај домашните банки, а потоа кредитите завршувале на сметка на компанијата – мајка во странство. Додека владата ги повикуваше странските компании да запрат со овој процес – дел од нив возвратија дека нема ништо спорно и дека Македонија како земја кога тежнее да биде дел од европскиот финасиски пазар – не може да го ограничува движењето на капиталот. Како причина за отсуството на инвеститорите и владата ја посочуваше финасиската криза во светот и во Европа. Економиситите укажуваа дека кризата е една но не и единствена причина за бавниот влез на инвестиции. Според нив, долгорочно, за инвеститорите пресудни се политичката сабилност, постојаноста на законската регулатива и членството на Македонија во евроатланските интеграции. 2012 та – година на „РОУД ШОУ“ Кризата не ја обесхрабри владата да продолжи онаму, каде што застана во 2011 та година – роуд шоу во нови и во веќе посетени земји. Таргет беа и истокот и западот. Во само една година, Америка беше посетена два пати. Еве дел од посетените дестинации. Можностите за инвестирање во Македонија беа преставени пред стотици фирми од различни сектори и различен формат. Овие патувања беа само продолжение од оние во 2011 та година кога владините тимови беа во Англија, Америка, Јапонија , Сингапур, Австрија, Германија, Холандија, Италија , Франција. Дел од овие патувања завршија со најави за инвестирање, пројавен интерес или склучен меморандум за соработка. Од друга страна, во 2012 та година, во дел од Слободните Економски Зони почнаа да се реализираат претходно договорените инвестициски зделки. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“