17 Јуни, 2024
0.0277

ДОСИЕ ЛАЗАРЕТ: Пресметка во гнездото на нарко-мафијата! (фото + видео)

Објавено во: Балкан 19 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Прв пат после 10 години албанската полиција пред четири дена започна пресметка со албанската нарко мафија концентрирана во селото Лазарет, во регионот на Ѓирокастро на  југот на Албанија, во која четири лица се ранети-еден припадник на полицијата и тројца цивили.

Ова албанско село го носи ептитетот „фабрика за марихуана“ со годишно производство од околу 900 тони канабис и годишен „извоз“ на дрога во пазарна вредност од 4,5 милијарди евра, што е половина од БДП на оваа балканска земја, наведува американската агенција.

Бандата со седиште во Лазарет се верува дека произведува околу 900 тони канабис годишно во вредност од околу 4,5 милијарди евра приближно половина од БДП на оваа мала балканска земја.

Стотици албански полицајци, поддржани од оклопни возила, упаднаа во јужното село после сомневањето во нарко дилерите, наводно биле истрелани ракетни гранати, минофрлачи и митралези врз полицијата за време на рацијата на дрога.

До сега, соопшти полицијата, се уништени околу 60 илјади стебла канабис и околу 10 тона марихуана.

„На терен се ангажирани 800 полицајци, припадници на специјалните сили RENEA, специјалци од Фиера, Скадар и Тирана, како и Делта одреди од Валона. Сите тие се опремени со специјална опрема“.

Овој полициски напад во Лазарет, кој практично бил „забранета зона“ за секаков вид на контрола на власта, дојде само неколку дена пред Европската унија да и го додели статусот кандидат на Албанија.

Како и тој 10 август пред 10 години во „отцепеното“ село познато на цел свет по одгледување на канабис, полицијата е дочекана со пукотници од сите врсти на оружје.

„Војната“ на полицијата со нарко дилерите и одгледувачите на марихуана се води со минофрлачи, тешки и лесни митралези, противтенски мини и троблони, јавуваат албанските медиуми.

Улиците во тоа место се празни.

Полицијата, како што се наведува, и понатаму напредува куќа по куќа и го контролира и чисти теренот во селото и околу него. За сега полицијата успеала под нејзина контрола да стави околу 30 куќи во кои е пронајдена голема количина на сушени и пресовани стебленца канабис, непреработени билки како и опрема за пресување на канабис.

Во една куќа е пронајдена и лабараторија за преработка на канабис каде е запленета голема количина на опрема за преработка, преработена дрога како и веќе подготвен канабис за прерабоотување.  Вчера исто така е пронајдена една лабараторија за преработка на дрога.

Во делот кој е под контрола на полицијата до сега се пронајдени околу 60 стебла канабис, од кои 15 стебла во дворови околу куќите, околу 15 илјади примероци за расадување и околу 30 стебла посадени на општинско земјиште. Намерата на полицијата, тврдат медиумите е да превземат целосна контрола над Лазарет во кој главна економска активност е произведувањето на канабисот.

Албански и странски медиуми често објавуваат вести според кои освен жителите на ова село кои доброволно работеа на плантажите на марихуана, нарко мафијата присилно доведувала и луѓе од останатите делови на Албанија на кои на плантажите им се губел секаков траг.

Во текот на акцијата уапсени се вкупно осум лица меѓу кои е триесетгодишниот Тони Мехмет Шехај, осуден на седум години затвор поради производство и продажба на наркотички средства и за кој беше распишана потерница бидејќи успеал да избега и да се сокрие во Лазарет. Тој е уапсен во моментот кога се обидел да избега од селото а на полицијата во текот на апсењето и се представил со лажно име. Осомничен е исто така и за пружање вооружен отпор на полицијата. Во вторникот, тврдат медиумите, после долги преговори на полицијата и се предал и Гате  (Razip) Махмутај, за кој пред два дена била распишана потерница. Расип Рустем Махмутај, познат и како Гате Махумтај, според оценките на полицијата е едно од најзначајните имиња во светот на криминалот. Тој во 2001 година е осуден на 22 години затвор поради напад на полицијата и ранување на полицаец, но на 4 јули 2006 година тогашниот претседател на Абанија Алфред Мојсиј го помилувал.

Имено, дрогата ја шверцуваат големи и добро организирани групи, кои располагаат со чамци и камиони. Шверцот се обавува најчесто по морски пат во Грција и Италија каде достига цена од околу 800 евра за килограм а во западните земји на мало се продавала за пет евра за грам - што е 5000 евра за килограм.

Албанија, малата планинска земја на јадранскиот брег наспроти Италија, има нешто повеќе од 3 милиони луѓе. Таа беше со децении најизолирана земја воЕвропа до студентските немири кога беше соборен комунистичкиот режим во 1990 година и кога Албанците емигрираа масовно во Грција, Италија и другите западни земји.

Другото востание во 1997 година доведе до широки грабежи на воени инсталации, „поплавувајќи“ ја Албанија со оружје, и многумина се уште се водат за исчезнати. Пристапот Лазарет и подземните депоа датираат од тој период.

„Се плашиме дека ако ние влеземе (во селото) и тие одговорат со пукање, може да има жртви“, изјави специјален полицаец облечен и маскирна со опрема, за фотографот на Асошиетед прес. Тој сакаше да остане анонимен, бидејќи не беше официјално овластен да зборува за медиумите.

Меѓу другото, тие го имаат истото оружје кое го имаме и ние, додава анонимниот извор.

Портпаролката на полицијата рече дека полицајците ја презеле контролата нас селото во понеделникот откако размениле оган со околу 30 вооружени лица кои се кријат во четири-катната зграда.

(Фото:dailymail.co.uk)

И.Р

Можеби ќе ве интересира

Шест Срби уапсени по англискиот напад: Нема приведени англиски навивачи

Шест Срби уапсени по англискиот напад: Нема приведени англиски навивачи

ЛЕТАА МАСИ, СТОЛОВИ, И ШИШИЊА, ПОЛИЦИЈАТА МОРАЛА ДА РЕАГИРА: Срби и Англичани се истепаа во Германија (ВИДЕО)

ЛЕТАА МАСИ, СТОЛОВИ, И ШИШИЊА, ПОЛИЦИЈАТА МОРАЛА ДА РЕАГИРА: Срби и Англичани се истепаа во Германија (ВИДЕО)

Откриен изгледот на хрватскиот мегапроект: Еве како би требало да изгледа легендарното летувалиште

Откриен изгледот на хрватскиот мегапроект: Еве како би требало да изгледа легендарното летувалиште

КАКО ПОЕВТИНО ЗА ГРЦИЈА ИЛИ ЦРНА ГОРА НА МОРЕ: Еве колку чини горивото на бензинските во регионот

КАКО ПОЕВТИНО ЗА ГРЦИЈА ИЛИ ЦРНА ГОРА НА МОРЕ: Еве колку чини горивото на бензинските во регионот

СТРАОТНА НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА: Четворица мртви при судир на автобус и автомобил (ВИДЕО)

СТРАОТНА НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА: Четворица мртви при судир на автобус и автомобил (ВИДЕО)

ЦРВИ МЕСОЈАДИ ВИДЕНИ ВО БУДВА, СЕГА ГИ НАПАЃААТ И ПЛАЖИТЕ ВО ИТАЛИЈА: Еве што да направите ако ви се закачат (ФОТО)

ЦРВИ МЕСОЈАДИ ВИДЕНИ ВО БУДВА, СЕГА ГИ НАПАЃААТ И ПЛАЖИТЕ ВО ИТАЛИЈА: Еве што да направите ако ви се закачат (ФОТО)

Ако ви треба навигација без интернет при патување кон Грција, еве неколку апликации: Сигурно ќе ви помогнат

Ако ви треба навигација без интернет при патување кон Грција, еве неколку апликации: Сигурно ќе ви помогнат

СКАНДАЛ НА УЛИЦИТЕ НА ДОРТМУНД - албански навивачи со знамиња на УЧК, ја величаат Голема Албанија

СКАНДАЛ НА УЛИЦИТЕ НА ДОРТМУНД - албански навивачи со знамиња на УЧК, ја величаат Голема Албанија

СО ГОЛЕМО СРЦЕ МЕЃУ НИВ СЕ ПРОСТИ ОД СВОЈОТ БРАТ БЛИЗНАК - се огласи Оливер Шаркиќ, тој е исто фудбалер

СО ГОЛЕМО СРЦЕ МЕЃУ НИВ СЕ ПРОСТИ ОД СВОЈОТ БРАТ БЛИЗНАК - се огласи Оливер Шаркиќ, тој е исто фудбалер