19 Мај, 2024
0.0261

ДОЛУ НИ СЕ ДЕЦАТА, ЖИВИ СЕ, НО НЕ МОЖЕМЕ ДА СТИГНЕМЕ ДО НИВ - Шокантни сцени по разорниот земјотрес

Објавено во: Свет 07 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Ројтерс објави шокантна снимка од Хатај на границата на Турција со Сирија во која доброволци им помагаат на спасувачите.

На неа се гледа маж како стои пред урнатините и ја слуша жената, која е закопана, викајќи „Помош!“, додека удира во нешто метално, за мажот да ја слушне.

- Слушајте, ни викаат, закопани се, ни викаат да им помогнеме, но никој не доаѓа. Живи се, но не можеме да ги извлечеме. Видете, мајка ми и татко ми се во оваа пропадната зграда. Не можам да дојдам до нив. Како да ги спасиме? Никој не е дојден од сабајле. Ни викаат, слушајте ги - вели Дениз, кој плаче затоа што не може да стигне до преживеаните.

„Нема војска, нема служба... Никој“


Само во Хатај се уништени над илјада згради. Еден волонтер дојде да помогне од Анкара.

„Спасив жена, тоа е човечки живот. Овде нема безбедносни служби, нема војска, нема никој. Тие останаа сами“, вели волонтерот.

Во текот на ноќта од урнатините е извлечено мало девојче во правливи пижами. Нејзините први зборови беа: „Каде е мајка ми?“.

Децата ни се внатре, не можеме ништо

Спасувачите и волонтерите ги ризикуваат своите животи за да ги извлечат луѓето заглавени под урнатините. Температурите паѓаат, а ризикот од хипотермија опасно се зголемува.

- Децата ни се тука, што да правиме? Погледнете ја оваа зграда, половина е урната, ризикуваме се за да се урне врз нас. Но, што да правиме? Па не викаат, тоа се наши деца - вели еден очаен родител.

- Моите роднини се мртви, внука ми почина, имаше 17 години. Сваќата и трите деца се под урнатините. Молете се за нас, молете се за нас. Немаме никој, погледнете наоколу, никој - вели локален жител.

Во северна Сирија, контролирана од бунтовниците, спасувачите рекоа дека им недостигаат основни работи, како што се гориво и други резерви за да ги извлечат оние што сè уште се заробени под урнатините на нивните домови.

Непознат број луѓе се уште се заробени, а напорите за пронаоѓање на преживеани се отежнати поради студените услови. Лошата интернет-врска и оштетените патишта меѓу некои од најтешко погодените градови во јужна Турција, дом на милиони луѓе, исто така ги попречуваат спасувачките тимови.

Се обидува да ја извлече мајка си од урнатините

Но, Унлу од далечниот град Адијаман, во близина на епицентарот на земјотресот во Кахраманмараш, рече дека од понеделник наутро се обидува да ја извлече својата постара мајка, која е заробена под урнатините на нејзината куќа.

„По земјотресот истрчав до куќата на мајка ми и видов дека зградата се урна. Бев уништена. Ги чекав спасувачките екипи, но тие не се појавија. Почнав да се јавувам на официјални лица, но сите линии згаснаа“, рече тој.


„Времето е екстремно студено, а немаме храна. Најпрво еден од моите братучеди испрати порака дека е под урнатините и дека можеме да го слушнеме неговиот глас. Беше заробен таму четири часа и на крајот го ископавме.

Поминаа повеќе од 24 часа, а мајка ми се уште е заробена под урнатините. Не знам дали е жива. Ресурсите се толку слаби, но чувствувам недостаток на организација“.

Многу Турци го изразија својот гнев на интернет поради, како што рекоа, небрежност во вонредната состојба во најјужната провинција Хатај, при што многумина се пожалија дека спасувачките операции биле неуспешни.

Во Хатај, земјотресот срамни со земја неколку владини згради, вклучително и локалниот огранок на турската агенција за помош при катастрофи, АФАД.

ФОТО: EPA-EFE/DENIZ TEKIN

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто