16 Мај, 2024
0.0370

Дојде време! Кој ќе добие 265.000 евра дивиденда?

Објавено во: Економија 22 Март, 2024

Добивај вести на Viber

„Македонијатурист“ е една од најредовните компании во исплата на дивиденда во македонската корпоративна историја. Годинава на своите акционери компанијата ќе подели 1,32 милиони евра бруто дивиденда на која на државата ќе и плати околу 130.000 евра данок.

Најголемата македонска хотелиерска компанија „Македонијатурист“ годинава своите акционери ќе ги израдува со 1,32 милиони евра дивиденда. Ова е предлог одлука на претстојното редовно акционерско собрание кое е закажано за идниот месец.

Нето дивидендата по акција изнесува 3 евра за акција и во споредба со лани е зголемена за речиси 50 отсто. Оваа компанија лани додели 120 денари дивиденда за акција. „Македонијатурист“ има нешто повеќе од 600 акционери од кои најбројни се домашните физички лица. Над 570 Македонци поседуваат акции во „Македонијатурист“.

Најголем акционер е Доне Таневски, долгогодишен директор на „Македонијатурист“ и актуелен претседател на Надзорниот одбор на таа компанија. Таневски поседува 20 отсто од акциите со право на глас. Поточно, според официјалните податоци од годишниот извештај на компанијата, поседува 88.582 акции. За нив од дивиденда Таневски ќе добие нешто повеќе од 265.700 евра во денарска противредност.

Втор најголем поединечен акционер е Соња Бибановска, која исто така е долгогодишен директор во најголемата хотелиерска компанија. Таа поседува 50.953 акции за кои ќе добие нето дивиденда во износ од речиси 153.000 евра.

Актуелната генерална директорка Мирјана Таневска Ефремова во компанијата со која раководи поседува 436 акции за кои следуваат околу 1.300 евра дивиденда.

Околу 120.000 евра дивиденда ќе добијат и идните пензионери во вложуваат во Отворениот пензиски фонд кој управува „Сава пензиско друштво“.

„Македонијатурист“ на државата ќе и плати персонален данок во вредност од околу 130.000 евра за дивидендата што ќе ја исплати на своите акционери.

Р.Ф.

foto freepik.com/tania.kitura

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА