19 Мај, 2024
0.0288

Договорот за иранската нуклеарна програма – триумфот на дипломатијата

Објавено во: Свет 15 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Договорот за Иранската нуклеарна програма, кој беше постигнат вчера во Виена, е победа за дипломатијата на трпението, пишува во анализа британскиот "Гардијан".

За последните 13 години нерешените прашања меѓу Иран и САД, и последните поддржани од европските сојузници, се закануваа да прерасне во војна.

Во 2002 година, во своето обраќање до нацијата Џорџ Буш ги стави Северна Кореја и Ирак во една кошничка, нарекувајќи ги "оската на злото" и подоцна ги вжешти тензиите, зголемувајќи ја морнарицата во Персискиот залив. За повеќе од една деценија Израел, со својот ненајавен нуклеарен арсенал, периодично предупредуваше дека е подготвен да започне превентивен воздушен напад против нуклеарните капацитети на Иран.

Заладените односи меѓу Западот и Техеран не почнаа со револуцијата во Иран во 1979 година но нападот на амбасадата на САД и донесувањето на американски заложници оставија белег врз ставовите на Американците во наредните децении.

Можноста за конфликт се зголеми во 1988 година, кога американскиот крстосувач USS Vincennes урна ирански патнички авион, при што загинаа 290 лица.

Тензиите се зголемија уште еднаш во 2002 година - генезата на актуелната криза. Тогаш се разбра дека Иранците ја скриле вистината за својата нуклеарна програма. Беа откриени два пред тоа непознати објекти во Натанж и Арак, што предизвика стравувања дека Иран е решен да се здобие со нуклеарно оружје.

Скорешната историја го нагласува значењето на она што се случи во Виена. Наместо инсистирање за воено решение од страна на политичарите, ова стана триумф на дипломатите и прагматиците кои работеа час по час секој детал на трансакцијата, постигнувајќи мирен компромис.

Договорот претставува трогателен успех за запирање на нуклеарното ширење. Заслуга има неуморниот државен секретар на САД Џон Кери, но исто така и американските партнери од Германија, Франција и Велика Британија, вклучувајќи и поранешниот еврокомесар за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон. И покрај тензиите околу Украина, заслуга треба да и дадат и на Русија, и во помала мера на Кина. За постигнување на договорот се бори и иранскиот претседател Хасан Рухани кој треба да се справи во сомнителната конзервативна опозиција во својата земја.

Договорот му овозможува на Иран да излезе на меѓународната сцена во ново преструктуирање со Западот. Тоа би било добро како за иранскиот народ, така и за Западот, овозможувајќи за повеќе интеракција, било да е тоа во трговијата, инвестициите или туризмот, како и за решавање на регионалните проблеми. Претседателот Рухани ќе може да ја засили битката со иранските конзервативци по прашањето за она што останува регресија на режим. Сега тој мора да им помогнае на внатрешните реформи, искоренувањето на домашните апсења на опозициски лидери и апсурдниот процес против репортерот на Washington Post Џејсон Рецајан.

Сега се создаде можноста Иран да игра поинаква и конструктивна улога во политиката на Блискиот Исток, како и во односите со своите соседи на исток, што е Авганистан. Од фаталната поддршка за сирискиот претседател Башар Асад до дистабилизациониот ефект врз Лебонан преку испораките на оружје за Хезболах, Иран премногу често имаше малициозни влијание во регионот.

А сега "Исламската држава" ја комплицира ситуацијата. САД првично имаше критичен однос кон интервенција на Иран во Ирак и помош на шиитската заедница, но сега двете држави можат да работат во тандем против ИД. Техеран, кој сака да се фали со својот конструктивен пристап, исто така ќе треба да докаже дека може да прифати повеќе омекнат став против Израел. Вашингтон треба да ја сфати оваа можност и да работи за брзо олеснување на санкциите против Иран. Конгресот на САД може да ја блокира зделката, но претседателот Барак Обама изјави дека ќе го искористи своето право на вето. Зделката во Виена дава надеж дека една од најголемите цивилизации на планетата може повторно да присуствува на меѓународната сцена со придобивки не само за Иранците, но и за нивните соседи. Можноста не смее да се пропушти.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто