18 Мај, 2024
0.0273

Додека трае пандемијата колкави се шансите да најдеме ангажман и да работиме од дома?

Објавено во: Економија, Корона Вирус 01 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Додека трае пандемијата на коронавирусот, а луѓето треба да избегнуваат социјални контакти, во земјава нема голем избор на работни места за кои обврските комотно можат да се обавуваат од дома.

Граѓаните од дома можат да пополнуваат онлајн анкети, но тоа е само повремен ангажман кој носи минимални приходи или награда за одвоеното време. Лингвистите онлајн можат да држат часови за изучување на странски јазик. Оние кои се креативни, можат да изработуваат накит и истиот да го продаваат на интернет. Работата како фриленсер во овие услови на здравствена криза е идеална.

На Запад сликата е поинаква,  изборот е поголем, а спектарот на занимања широк, велат од агенциите за посредување при вработување. Работата од дома е пофлексибилна, но истовремено придонесува работникот да заштеди на патни трошоци, а компаниите на кирии, трошоци за загревање и слично.

„Кај нас од дома можат да работат луѓето во ИТ секторот, преведувачите, но во производство на пример и во други сектори потребно е физичко присуство за да се завршат работните обврски. Досега кај нас не се јавил кандидат  кој исклучиво бара работа од дома. По завршување на пандемијата, кај нас луѓето ќе продолжат да си работат со физичко присуство“, велат од скопска агенција за посредување при вработување.

Од агенцијата Пелла од Охрид која посредува за вработување во Германија, објаснуваат дека во оваа европска земја има многу можности за работа од дома, нешто што кај нас го нема.

„Таму има работни места каде 100 отсто се работи онлајн. Кај нас или одиш на работа и работиш или си без работа и седиш дома“, додаваат оттаму.

Професорите по странски јазици велат дека пандемијата наметна да се работи онлајн, и мора да се навикнат.

„Кога нема избор, мора да се прилагодиме на условите. Учениците следат настава, и основци, и средношколци, но не го совладуваат материјалот и бараат алтернатива, односно дополнителни часови. Ова ни е наметнато, а интерес од луѓето за онлајн часови има“, вели Кристина Ангеловска, професорка.

Овој тренд на работа од дома зема замав во Европа. Во 2020 година бројот на вработени во Германија што работат од дома е зголемен од 12 на 25 отсто за време на кризата предизвикана од коронавирусот. Моделот на работа од дома ќе биде поприфатен во многу земји по завршување на пандемијата. Британските работодавачи планираат помали канцеларии и работа од дома. Скоро 44 проценти од работодавците планираат да ги намалат канцелариите, а 49 проценти сакаат да ги распоредат работниците кои се враќаат на работа да не работат во исто време. 

Сања Атанасовска

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра