03 Мај, 2024
0.0260

Добра стратегија за заеднички успех – Шпаркасе Банка спонзор на Кошаркарската федерација на Македонија

Објавено во: Мои пари 18 Август, 2013

Добивај вести на Viber

На заедничка прес конференцијата во Спортскиот Центар Борис Трајковски, Шпаркасе Банка Македонија и Кошаркарската федерација на Македонија го презентираа пред македонската јавност нивното партнерство. Партнерството со КФМ е значаен чекор во поддршката на македонската кошаркарска репрезентација во пресрет на Европското првенство во кошарка кое ќе се одржи во септември во Словенија. Со спонзорството на КФМ, Шпаркасе Банка отвора уште една значајна врата во својата стратегија за корпоративно општествена одговорност. „Македонскиот спорт и култура се главните амбасадори на Македонија - уште една причина повеќе поради која Шпаркасе Банка во својата корпоративна стратегија, има цврсто зацртано да биде безрезервен партнер во двете области. Нашата кошарка е веќе препознатлива во светот. Со спонзорството сакаме да дадеме свој придонес кон зацврстувањето на таа позиција и реномето кое нашите одлични кошаркари го имаат во Европа и во светот. Очекуваме дека репрезентацијата и целиот тим позади нив ќе дадат сѐ од себе да не претстават во најдобро светло и дека Евробаскетот 2013 во Словенија ќе го паметиме како наш голем успех. Им посакувам добра игра, издржливост и многу среќа, а ние од Македонија од се срце ќе бидеме нивниот најверен навивач‘‘, рече г-дин Глигор Бишев, Претседател на УО на Шпаркасе Банка Македонија. Од Македонската кошаркарска федерација пак најавија дека нашата репрезентација ќе ја оправда довербата која и е дадена. „На наше големо задоволство Шпаркасе Банка одлучи да биде наш партнер. Ваквите партнерства претставуваат добра основа за развој и унапредување на македонската кошарка и воопшто, македонскиот спорт. Верувам дека нашата репрезентација ќе ја оправда довербата и ќе ја претстави Македонија, нашата федерација, Шпаркасе Банка и сите други спонзори во вистинско светло. Би сакал да и се заблагодарам на Шпаркасе за несебичната помош и желбата за унапредување на македонската кошарка‘‘, изјави г-дин Даниел Димевски, Претседател на Македонската кошаркарска федерација.

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година