16 Мај, 2024
0.0263

Може ли извршувањето да се врати кај судовите: До кога ќе се плаќаат високи извршителски трошоци

Објавено во: Економија 23 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Додека расте револтот оти ништо не се менува, а граѓанските здруженија сами предлагаат закони да се спасат од старите долгови, Министерството за правда уште нема детали за измените на Законот за извршување кои беа најавени уште пред неколку месеци. Се чека на кастрење на трошоците кои ги вивнуваа сумите кои треба да се вратат и неколкукратно, а најверојатно усогласувањата со засегнатите страни траат подолго од планираното. Во Хрватска деновиве е презентирана работната верзија на нов закон за извршување според која оваа надлежност се враќа во судовите, а се намалуваат значајно и трошоците кој должникот треба да ги плати.

Од Министерството за правда нема информација за тоа до каде е кратењето на трошоците на извршување. Актуелната министерка Рената Дескоска уште кога стапи на функцијата реше дека ќе се намалат цените во тарифникот за извршување и ќе ги намали извршителските дејствија кои се преземаат против граѓаните, што тогаш ги презентираше како клучни промени во Законот за извршување.

Намалување на трошоците за граѓаните подразбираат и измените на законот во Хрватска, кој наверојатно ќе биде готов наесен. Според предлогот кој треба да биде поправеден за граѓаните, минималниот трошок за граѓаните треба да биде 300 куни, а сега за долг од 100.000 куни на пример дополнително се плаќа и по 1.842 куни.

Она што е новина, а што се бараше и кај нас, е што во Хрватска, со измените, носител на извршувањето ќе биде судот. Иако нотарите остануваат алка во постапката, нив нема да ги бира доверителот туку надлежниот суд и тоа по азбучен ред. Сепак како и кај нас и во Хрвастка имаше притисок нотарите да бидат исклучени од процесот, но тоа нема да се случи, затоа што така голем дел од обврската би паднала само на судот и тие нема да можат да работат ништо друго освен вакви предмети. Во Хрватска ќе се смени и моделот на известување, за да не се случува исто како што се жалат и кај нас, должникот да не е информиран за долгот, а да наиде на блокирана сметка во банка.

Со цел да се обезбеди поевтина наплата се воведува образец за поведување постапка и нема да има трошоци за изработка на веродостоен документ, а колку ќе чини цената, ќе се утврди подоцна. Исто така, се укинува обврската за добивање на потврда за извршување на одлуката, која чини 250 куни, а извршната власт во иднина ќе го определи судот по службена должност. Планирано е и укинување на пресметувањето на предвидливите трошоци за должниците кои не се согласуваат да го платат долгот. Исто така, банката нема да може да наплаќа долг од прилив кој е исплатен како регрес, надомест за Божиќ или за Велигден или од други награди до сума до 2400 куни годишно.

За истите проблеми се борат и граѓанските здруженија во Македонија. Завчера неколку такви со нов предлог закон кој го доставија до Собранието побараа отпис на долговите за комунални услуги постари од 2014 година. Велат дека со ова законско решение ќе престане финансискиот прогон на повеќе од 80.000 семејства кои со години плаќаат виртуелни долгови.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД