11 Мај, 2024
0.0255

Директорот Арсовски по години купување ги продаде акциите на ТТК Банка

Објавено во: Финансии 01 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Драгољуб Арсовски, претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка кој оваа функција ја врши речиси 10 години со постојан реизбор, реши да се ослободи од голема количина на акумулирани акции и на тој начин да се стекне со средства од околу 50 илјади евра гледано според актуелната просечна цена на една акција на ТТК Банка на Македонска берза. 

„Согласно Глава VI член 34, алинеја 7 од Правила за котација на Македонската берза АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје известува дека Претседателот на Управниот Одбор на ТТК Банка АД Скопје д-р Драгољуб Арсовски продаде 3.000 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје“ стои во соопштението на берза.

Според моменталните показатели на Македонска берза просечната вредност на акцијата на ТТК Банка изнесува околу 1000 денари. ТТК Банка во последните три години делеше дивиденди и тоа последната за 2016 беше највисока, па така од добивката се поделија по 82 денари по акција. 

Драгољуб Арсовски од неговото назначување за претседател на Управниот одбор на ТТК Банка со учество од нешто над 1000 обични акции со право на глас што е под 1% од основната главнина на друштвото понатаму во текот на години речиси редовно се стекнуваше со нови акционерски удели и преземаше акции. Последен пат кога презеде акционерски удел беше во 2014 кога се стекна со 1000 акции на ТТК Банка, а истата количина ја презеде и во 2013 година. Арсовски најмногу акции, дури 2.136 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје, презеде во текот на ноември 2013 година. 

ТТК Банка АД Скопје делува како акционерско друштво во својство на правно лице, како резултат на спојување на Тетекс-Кредитна банка АД Скопје и Тетовска банка АД Тетово.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди