Дипломците од Универзитетот Шефилд донираат и повикуваат и други да ја поддржат иницијативата
Објавено во: Мои пари 17 Мај, 2016
Македонските дипломци од Универзитетот Шефилд, се вклучуваат во глобалната хуманитарна иницијатива за организирање донаторски акции за обезбедување помош онаму каде што е најпотребно. За таа цел тие организираат донаторска акција за собирање средства за продолжување на лекувањето на Елена Смилеска.
Акцијата ќе виде организирана од 19-ти до 22-ри мај на четири локации низ Скопје, поточно во кафе бар Љубов, кафе бар Синдикат, Mr. Jack и бар и ресторан Форца.Во овој период на наведените локации ќе бидат поставени кутии за донации, каде секој граѓанин ќе може да ја поддржи акцијата и да донира за 13 годишната Елена Смилеска.
Елена во моментот води голема битка за себе и своето здравје и подлежи на пост трауматска рехабилитација која семејството само не може финансиски да си ја дозволи. Затоа потребно е помош и ангажман од сите хумани луѓе за заедно да и се помогне на Елена да ја победи оваа тешка битка.
Со акцијата за собирање средства за лекувањето на Елена, дипломците се приклучуваат и кон глобалното одбележување на 111 години од постоењето на Универзитетот Шефилд.
Повеќе за донаторската акција:
https://www.facebook.com/events/225093294538169/
http://www.donacii.mk/baram-pomos/aktivni-apeli/apel-za-pomosh-na-elena-smilevska/