01 Ноември, 2024
0.0871

Динкиќ: Државата мора активно да ги помага приватните фирми

Објавено во: Балкан 06 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Државата има намера привремено да влезe во сопственоста на одделни приватни мали и средни претпријатија кои имаат добар извозен производ, најави српскиот министер за економија и финансии Млаѓан Динкиќ. Според Динкиќ, за таа намена од буџетот ќе бидат првично доделени една милијарда динари, пренесоа српските медиуми. „Србија има потреба од нова економска политика и таа повеќе не може да се заснова исклучиво на приватизацијата или ошекувањата за странски директни инвестиции", рече тој во интервју за Вечерњи Новости. Тој посочува дека е неопходно државата да стане поактивна  во помагање на компаниите, особено оние кои имаат шанса за извоз, истакна Министерот кој додава  програмата во моментов се разработува, а во следните неколку месеци ќе биде во функција. На прашањето дали тоа значи дека Владата планира да се откаже од приватизацијата, Динкиќ вели дека не се откажува, но  наведува и дека не смее да се дозволи капацитетите да пропаѓаат, работниците да  ги губат своите работни места и само да се чека да дојдат  инвеститори. „Тука, пред сè, мислам на компаниите кои сега се во фаза на реструктуирањето, а кои имаат шанса не само да преживеат,туку и да бидат успешни во нивните сектори. Сега ако нема инвеститори, државата е онаа која треба да им помогне да купат машини, да оги бноват халите, осмислат програми и да се најдеат купувачи за нивното производство, посебно кога станува збор за извоз", рече Динкиќ. Оваа ко-сопственост на државата во таквите фирми, рече тој, ќе биде привремена, само додека сопственикот или друг инвеститор не сака целосно да ја откупи. „Идејата е преку јавен повик заинтересираните фирми сами да побараат помош од вакавата програма. Услов е секако сериозна инвестициона програма која вклучува создавање на нови работни места и извоз, а техничката работа ќе ја заврши Агенцијата за осигурување и финансирање на извозот", објасни Динкиќ.

Можеби ќе ве интересира

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО ТИРАНА: Грција реагира за нападот врз Белери

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО ТИРАНА: Грција реагира за нападот врз Белери